Лугархија #3

Излезе и новиот број на овој електронски магазин, во многу по едукативен ‘outfit’ овојпат :)

Може да се превземе од следниот линк.

И да се пофалам, има и моја статија, за Cloud Computing. Вреди да се провери ;)

Поздрав, среќно читање.

Мал придонес :)

Почнавме да слушаме и Компјутерски Мрежи (на ПМФ).

Си имаме нов асистент, ни даде домашно, во network simulator, и ај ти снајди се да го инсталираш (а па за ракување да не зборувам, се треба сами да научиме). Во win машина, немам пробано, но на скоро никој не му успеа, па мојот мал придонес е Лајв DVD (2GB) од Ubuntu (Linux Mint поточно, но тој е само Ubuntu со дополнителни пакети и шминка), со ns, но и со многу други апликации/пакети :)

Меѓу другото има и:

picasa
pychess
dia
azureus
filezilla (ftp client)
mozilla firefox (v 3.0.3)
mozilla thunderbird
skype
wireshark
adobe reader 8
OpenOffice цел пакет
eclipse
qt creator
vlc
ms-dos емулатори
wine
cedega
xbmc media center
разни IM клиенти за MSN, gtalk и слично
разни плеери за филмови и музика (и сите кодеци нормално)
wifi-radar, aircrack, nmap, zenmap, etherape, ettercap, airsnort…
mathematica 6.0
bluefish editor
envyng
ndiswrapper

Снимив и дадов едно десетина DVD-a, и многу многу мило ќе ми биде доколку барем еден-двајца од нив и станат day-to-day линукс корисници :)

Google Chrome и Chromium

Иако сум малце скептичен, затоа што не сакам да дозволам целото мое интернет искуство и податоци да ги дадам на една институција (поточно гигант, каков што е Гугл), си реков да видам што е целава фама.

Според Ом Малик, Гугл Хром треба да биде чекор напред кон тоа работите да дојдат уште повеќе кон облаците (значи, на Cloud Computing начинот). http://gigaom.com/2008/09/02/google-browser-puts-the-cloud-to-work/ <= статијата на Ом Малик.

Во овој момент, има алфа верзија за Windows, за неа, имате офлајн инсталер тука ;) => http://rapidshare.com/files/142129854/chrome_installer.exe и е 7 мегабајти. А за сите останати платформи има OpenSource верзија, наречена Chromium. Моментално нема пакети ниту за комерцијалните линукс дистрибуции, но момците од Гугл имаат поставено инструкции за инсталацијата на следиот линк => http://dev.chromium.org/developers/how-tos/build-instructions-linux

После обидување по 10 пати, и добивање грешки од типот:

svn: REPORT request failed on ‘/svn/!svn/vcc/default’
svn: REPORT of ‘/svn/!svn/vcc/default’: Could not read status line: Connection reset by peer (http://src.chromium.org)
Error: failed to run command: svn update

Си реков да го симнам http://build.chromium.org/buildbot/archives/chromium.tgz може да направам значи бајпас на чекор 4 од процесот. Ама кога видов 400 мега реков батали.

Следна опција е да земам Windows Installer и во wine да го инсталирам. Не е OpenSource, но морам да го пробам бровсеров. (Инаку, Chromium e OpenSource верзијата, врз која се гради послем Chrome.) Кликнувам двапати на *.exe-то, но ништо не се случува. Па пробав преку Terminal, но и ништо од wine:

wine ChromeSetup.exe
fixme:advapi:CheckTokenMembership ((nil) 0x12b3f0 0x33f930) stub!
fixme:process:SetProcessShutdownParameters (00000280, 00000001): partial stub.
fixme:ole:CoInitializeSecurity ((nil),-1,(nil),(nil),6,2,(nil),64,(nil)) – stub!
fixme:winhttp:WinHttpOpen ((null), 1, (null), (null), 0x0): stub

Може утре ќе имам повеќе среќа со туторијалот за инсталирање во Линукс, не се знае.

За оние што сакаат да знаат како излгеда а не им се инсталира или пак не се во можност еве еден пост од ZDNet => http://blogs.zdnet.com/hardware/?p=2503 Изгледа како Опера самошто наводно е побрз. Дури има и Speed Dial, исто како Опера. Целиот бровсер има своја декорација и прозорец, и главната дистинкција (барем визуелна) е што табовите се горе, над адресата.

За оние што се на Windows имаат привилегија одма да го симнат и инсталираат од тука => http://www.google.com/chrome/eula.html и е 450 килобајти, па послем го симнува вистинскиот сетап кој е 7 мега од нет (LimeWire style).

Па со среќа нека им е на Гугл, како и да е важно ќе ги мотивираат другите компании поактивно да работат на нивните бровсери. Според мене има две сценарија за Гугл Хром. Или да им тргне многу, и Гугл да престане да ги финансира Мозила, или па да не им тргне, па Гугл да ги купи Мозила и кодовите од Фарјфокс и Хром да се спојат во нешто ново. Се е прашање на време, а времето значи промена. Пред 10 скоро никој не знаеше за Cloud Computing, а сега е хајп на годината.

Folder View во KDE 4

Иако имаше доста негативни критики за новото издание на KDE, во последно време преовладуваат позитивните и тие ме охрабрија да ја пробам оваа работна околина (некои од нив дури велеа дека KDE4 околината е подобра и од Vista па дури и од OS X). За тие што не знаат што е KDE и што може да очекуваат еве го официјалниот линк од развивачите: http://www.kde.org/announcements/4.1/

Со доаѓањето на KDE 4 многу работи се променија и многу новини се воведоа, но јас тука ке се задржам на една доста продуктивна работа, наречена Folder View која сега на кратко првин ќе ја објаснам.

Слика 1: Folder View демонстрација во openSUSE

Знаеме дека концептот на секоја работна површина кој е општоприфатен е да имате панел со старт мени, со листа на апликации кои работат, со саат, и да имате фолдери и линкови од апликации врз работната површина. Е сега, замислете си го тој фолдер Дескоп, со сите тие икони и линкови да е едно поле (коцка) на работната површина, во форма на аплет/виџет, и да можете да додавате уште колку фолдери сакате и тие да ви седат на десктопот.

Секој фолдер прикажан на десктопот не е само графика со линкови до фолдерите и апликациите. Ако избришете фолдер во виџетот, тој се брише и од фајл системот. Значи промените се реални, и сите основни фајл операции се поддржани. Можете да менувате имиња на фајлови, да копирате, бришете, да копирате од еден Folder View во друг Folder View со drag-and-drop (тоа многу ми се допаѓа), и така натака.

Додавањето на нови виџети e многу лесно, и перформансите на виџетите се вчудоневидувачки одлични, што е резултат на новата Plasma технологија вградена во KDE4. Впрочем, целиот десктоп е составен од виџети, се е виџет во десктопот на KDE4, мениата панелите, саатот, листата на апликации…

Доколку не ви се свиѓа овој концепт на фолдери, можете да земете еден фолдер и тој на цел екран да го наместите. Мене многу ми се допаѓа пред се поради продуктивноста. Можете да направите повеќе фолдери, и на десктоп да ви седат. Еден со работи во тек, друг со финиширани, и трет со помошни материјали, и сите да ви бидат веднаш при рака.

Дали ова ке стане општоприфатен концепт, оставаме времето да каже. Луѓето се плашат од промени, такада и да стане, многу време ќе треба да помине до тоа.