Категорија: KDE

KDE и проблеми со KMix (100% CPU користење)

Почна последниве денови да ми прави проблеми KMix и најдов quick and dirty решение составено од  4 наредби во конзола, па да го споделам. Според решението, сетингзите на KMix се пореметуваат поради некоја причина, и како такви (грешни) барем едно од јадрата на процесорот константно е на 100%. Напомена, кога ќе се внесуваат наредбите нема потреба од администраторски привилегии.

killall -9 kmix
rm -rf $(kde4-config --localprefix)/share/apps/kmix/
rm -f $(kde4-config --localprefix)/share/config/kmix*
kmix &

Повеќе за:
[1] KMix
[2] Линк до решението

KDE 4.5.X и проблеми со Kwin и графичката

Можеби сте едни од оние “среќници” кои ги имаат следните проблеми:

  • не дава ‘thumbnail’ кај таскбарот туку транспарентна коцка
  • се закочува целиот Plasma Workspace (работната околина) на моменти
  • кога ќе се логирате не се стартува успешно Kwin compositing-от и немате ‘3D’ ефекти во работната околина

и најверојатно имате или слаба Intel графичка, или Nvidia графичка без соодветен драјвер, или нешто слично..

Неколку совети за да ги немате овие проблеми:

  1. Отидете во System Settings -> Desktop Effects и во Advanced штиклирајте Disable functionality checks. Ова ќе го реши проблемот што при логирање ве префрлува во работна околина без композитинг.
  2. Во истиот прозорец отидете во All Effects и одштиклирајте Blur. Некогаш ова помага за да не се закочува целата работна околина. Постарите графички не се доволно способни за да го рендерираат овој ефект.
  3. Отворете ја датотеката:
    ~/.kde/share/config/kwinrc
    и ќе видите две линии [Blacklist][Blur] и [Blacklist][Lanczos]. За да имате thumbnail кај таскбарот (а и кај другите случаи кај што ги генерира) треба во вториот блеклист да ја додадете вашата графичка, ќе видите дека веќе има некои таму додадено. За да ја додадете вашата треба да ја најдете, затоа извршете ги следните две наредби:
    sudo apt-get install mesa-utils
    "`glxinfo | grep 'OpenGL renderer string' | sed -e 's/^.*: //'`:-:`glxinfo | grep 'OpenGL version string' | sed -e 's/^.*: //'`"

    По извршување на втората ќе добиете излез пример како следниов:
    Mesa DRI Intel(R) 965GME/GLE GEM 20100330 DEVELOPMENT :-:2.1 Mesa 7.9-devel

    И според ова, во блеклистот го додавате соодветно на следниот начин:
    Intel=965GME/GLE GEM 20100330 DEVELOPMENT:-:7.9-devel

    И на крај, со Alt+F2 ја извршувате командата kwin -replace

Целата работа е што во KDE 4.5 има нови ефекти и опции кои ги нема во KDE 4.4 и вака може да се деактивираат за да си терате без проблеми како што сте си терале.

Kubuntu фејслифт

Интро

Искрено, default изгледот на Kubuntu ич не ми се свиѓа. Како прво, е уствари е default-от од KDE-то, бидејќи Canonical само за Ubuntu се грижат, а заедницата зад Kubuntu е презафатена со други работи. Затоа можеме самите да се погрижиме за тоа.

Прво, да ја разгледаме KDE работната околина. За разлика од GNOME и Windows работните околини, кадешто имаме:

  • Icon Themes а.к.а. икон теми;
  • Window Themes а.к.а. теми за прозорците;
  • и Style, темата која ги карактеризира компонентите на GUI-то;

Во KDE-то, имаме и уште една компонента која се темира. Таа е Plasma Deskop-от.

Слика 1: Plasma Netbook интерфејсот

Оваа компонента ни ги опфаќа сите widget-ти: панелот со иконата за менито, делот кој покажува кои апликации се извршуваат, ‘system tray’ иконите, линковите до апликациите на работната површина, итн.. сите овие т.н. плазмоиди, ни се делови од Plasma Desktop-от. Тоа значи дека плазмоидот кој го користиме како widget, можеме и да го вметнеме во панелот до иконата за ‘старт’ менито.

Во најмала рака, за комплетно да си ја наштеловаме работната околина, имаме 4 работи кои треба да ги смениме.

Но, можеме и уште нешто да смениме да изгледа по наше:

  • Splash Screen – анимацијата од панелот за логирање до приказот на нашата работна околина;
  • KDE Display Manager –  интерфејсот за логирање во оперативниот систем.

и нели, работната позадина (или по нашки, wallpaper-от), но за неа нема зошто да зборуваме, нема некои филозофии :).

Инсталирање на потребни пакети

Првин, потребно ни е да инсталираме неколку пакети, со следната команда:
sudo apt-get install kdeartwork kdeplasma-addons qtcurve
Што инсталиравме со оваа наредба?

  • Со kdeartwork инсталиравме неколку икон теми, стилови, позадини, …, кои не се по default во KDE SC дистрибуцијата но се прифатени од нив.
  • Со kdeplasma-addons инсталиравме дополнителни анимирани позадини, има некои феноменални, како ембедираниот Marble, до вирусот кој се развива врз позадината.
  • Со qtcurve инсталиравме енџин кој има и GTK+ и Qt имплементација, т.ш. кога ќе одбереме некоја QtCurve тема, и GNOME и KDE апликациите да изгледаат исто — што е добро, бидејќи 100% никој не користи само GTK+ или Qt апликации во системот. После ова можеме да отидеме во System Settings и да видиме што се ново ни е на располагање.

Акција

Добрата вест е што сите овие работи се менуваат лесно, одиме во Settings -> System Settings и тука се случува целата магија. Нема потреба од инсталирање апликации за хакирање на оперативниот систем, за да можиме да смениме некоја тема (како што е случај во Windows-от и OS X-от на пример).

Што се можеме да прилагодиме преку System Settings:

Слика 2: Можностите од System Settings кои ни требаат за оваа проблематика

Сега, да нагласиме дека освен преинсталираните икони/теми/итн.. можеме уште многу да превземеме од интернет. За тоа имаме два начини:

Слика 3: Get Hot New Stuff фрејмворк

Првиот е традиционалниот, да ја превземеме темата од веб и да ја посочиме и да се инсталира, а вториот е да кликнеме Get New Themes – копче кое е веќе имплементирано во сите темабилни работи во System Settings, и ќе ни се отвори дијалог кој ги превзема работите од kde-look.org, и само кликаме Install на посакуваниот објект и автоматски го инсталира.

Еве пример кај Windows -> Window Decoration -> Aurorae:

Слика 4: Get New Stuff во акција

Ова е овозможено со имплементација на Get Hot New Stuff фрејмворкот во KDE, нешто што очајно му фали на GNOME. Повеќе за GHNS тука.

И на крај, неколку препораки:

  • Користете QtCurve кај Style -> Applications и GTK+ Appearance, за униформен изглед кај апликациите;
  • Login Manager и Splash Screen темите гледајте да бидат од истиот автор, т.е. да бидат истата тема, пример: Kubuntu Lucid KDM со Kubuntu Lucid Splash, инаку грдо изгледа ако се различни;
  • Препорачливи Window Decoration-и ми се QtCurve, кои ја читаат QtCurve темата и според неа се дефинираат, или Aurorae — кој е одличен и има многу теми за него.
  • Убаво разгледајте ги QtCurve темите (Style -> Applicatons -> Configure), има едно 10-тина преинсталирани, уште повеќе на kde-look, а истотака и лесно се модифицираат и прават нови.

NetBeans Look&Feel

Java-coffe-128Ако корисите KDE и не ви ја чита темата, или поради било која причина сакате да го смените изгледот на вашето омилено IDE, тоа е возможно благодарение на фактот што има интерфејс базиран на Swing, и само треба како параметар да му се предаде ‘Look&Feel’-от кој сакаме да го користиме.

Има неколку Look&Feel библиотеки, меѓу кои:

За да му кажеме на IDE-то кој L&F да го користи, треба да го отвориме неговата конфигурациска датотека, т.е. netbeans.conf, и да ја најдеме линијата:
netbeans_default_options="-J-Dorg.netbeans.modules.tomcat.autoregister.token=1272986855088 -J-Dorg.netbeans.modules.tomcat.autoregister.catalinaHome= ...."

Оваа датотека се наоѓа во фолдерот кадешто е инсталиран NetBeans-от, во папката etc, пример во Ubuntu да ја отвориме во конзола, можеме да ја извршиме наредбата (ова е во мој случај, проверете си каде ви е инсталирано IDE-то):
sudo nano /usr/local/netbeans-6.8/etc/netbeans.conf

Забележуваме дека во наводниците се наведуваат сите параметри, со една или две цртки и аргументи. Тука треба на крај, пред последниот наводник да го додадеме нашето. Пр. ако го имам симнато Napkin Look and Feel, и екстрактирано во /home/martin/.nblaf тогаш го додавам слединов ред пред послениот наводник:
−−cp:p /home/martin/.nblaf/napkinlaf.jar −−laf net.sourceforge.napkinlaf.NapkinLookAndFeel

Нормално дека нема со Napkin темата да работам, но е добар пример како може било кој L&F да се постави. Освен Substance, кој кога ќе се одбере, IDE-то не стартува. Имаше порано плагин за NetBeans за него, кој дури имаше и таб во Options делот на NetBeans кајшто можеше да се одбере која од темите од Substance (кои патем ги има многу и многу се добри), но авторот одлучил дека нема време за неговиот развој, или неможел да го прати брзото темпо на развој на NetBeans платформата и нејзините промени.

Мој фаворит, доколку користите Java 6, е Nimbus Look&Feel, за него да го специфицирате, само додадете ја следната линија на крајот, меѓу наводниците – како што рековме.
−−laf com.sun.java.swing.plaf.nimbus.NimbusLookAndFeel

Приметувате дека не специфицираме патека до библиотеката, бидејќи е составен дел на Java 6 JRE-то.

Како до перфектна Kubuntu инсталација

Кога се инсталира оперативен систем на компјутер, грубо кажано има два чекори, 1. install, 2. post-install. Првиот значи земање на CD-то и инсталирање на свеж оперативен систем, а вториот значи, инсталирање на сите дополнителни програмчиња кои ни требаат, на кодеци, на драјвери, итн итн…

За првиот чекор нема да должам многу, премногу е едноставно, плус има премногу сајтови со step-by-step туторијали, пример:

Не е важно што е ова за постара верзија (тековната е 9.10) инсталацијата е скоро иста. Сега преминуваме на post-install делот, којшто треба да ни ја краси работната околина ;)

(1) Хардвер, патеки до ‘складишта’ со апликации (во главно;)):

Совет за секоја точка, првин прочитај ја, па после направи ја.

  • Прво нешто што треба да се направи е да се намести конекцијата кон интернет, без интернет ништо не правиме понатака ;).
  • Следно нешто што се проверува после инсталација е дали има драјвери за се што ни треба. За тоа одиме во Мени -> System -> Hardware Drivers. Се појавува следниот прозорец: Во мојот случај нема ништо (бидејќи имам лаптоп на кој сите компоненти се од Intel – а они издаваат OpenSource драјвери), доколку има, кликнете го и инсталирајте го со кликање Enable. Доколку инсталиравте драјвер за графичка картичка, препорачливо е рестарт на компјутерот да се направи.
  • Следно, отвораме KPackageKit (апликацијата која ни ги менаџира ‘пакетите’), Мени -> System -> KPackageKit. Најпрво, да видиме дали има понови верзии на пакетите веќе инсталирани. Го одбираме Software Updates табот, кликаме Refresh, па Select All, па Apply. Потоа, одбирамеSoftware Management во полето за пребаруваме пишуваме kubuntu-restricted-extras и ја кликаме стрелката десно за да го инсталира, и истото го правиме за firefox-3.5, и кликаме Apply. Ова ни ги инсталира сите ‘не OpenSource’ работи кои се најкористени (Java, Microsoft фонтови, Flash плагин…) и инсталираме Firefox, бидејќи по default не доаѓа со новото Kubuntu. P.S. Не го гасете KPackageKit.
  • Следно, да додадеме неколку други патеки до пакети во KPackageKit, за да можеме да инсталираме се што ни треба. Одбираме Settings -> Edit Software Sources, и ни се појавува следниот прозорец и го одбираме табот Other Software. Доле има копче Add, го кликаме и го внесуваме следното:
  • deb http://ppa.launchpad.net/kubuntu-ppa/backports/ubuntu karmic main
  • и потоа го внесуваме неговиот клуч, одиме во табот Authentication и го додаваме клучот кој ќе го превземеме од тука, но бидејќи вака е многу долго и досадно да ги внесуваме сите по ред, ќе пробаме на следниот начин.
  • Значи, полесниот начин е следниот: првин го гасиме KPackageKit, отвораме конзола, Мени -> System -> Terminal, и ги извржуваме следниве команди една по една:
  • sudo add-apt-repository ppa:kubuntu-ppa/backports‘ (пакети од последното стабилно KDE)
  • sudo add-apt-repository ppa:samrog131/ppa (пакети од дополнителни KDE апликации, со Nitrogen темата (портирана Oxygen тема со повеќе опции), со Arora window border, итн..)
  • sudo add-apt-repository ppa:dr-akulavich/ppa (пакетот qwit- одличен twitter клиент и неговите потребни пакети)
  • sudo add-apt-repository ppa:xxtjaxx/kdestuff (за апликацијата bangarang- интересен ‘медиа плеер’)
  • sudo add-apt-repository ppa:c-korn/vlc (за VLC медиа плеерот :))
  • sudo add-apt-repository ppa:ubuntu-wine/ppa (за WINE, кој овозможува да инсталирате Windows програми во Linux)
  • После, сите овие наредби извршуваме sudo apt-get update, за системот да знае кои се пакетите кои ги има на располагање и кои се најновите верзии.
  • И трето, отвораме пак KPackageKit, штиклираме Medibuntu во листата (тука влегува Skype, Google Earth, и некои кодеци кои ретко се користат).
  • После сите овие додавања на пакети, пак правиме во конзола:
  • sudo apt-get update (ја обновува листата со пакети)
  • sudo apt-get upgrade (ги симнува и инсталира новите пакети)

Сега би било добро да се одлогираме и логираме отпоново, или пак да го рестартиреме компјутерот. Бидејќи со ова и инсталиравме понова верзија на KDE. Сега кога ги средивме овие работи, може да преминеме на инсталирањето на пакетите, и нивно конфигурирање, и совети до добри теми за KDE :)

(2) Инсталација на програмите, прилагодување на изгледот на работната околина:

  • Првин да инсталираме тоа што ни фали од кориснички апликации, или преку KPackageKit, или преку конзола, како сакате. Нека биде преку конзола:
  • sudo apt-get install qwit bangarang krita virtualbox-ose-qt akregator filezilla vlc vlc-plugin-esd mozilla-plugin-vlc skype gdebi gdebi-gtk wine
  • вака може кои сакаме програми да ги инсталираме. Доколку не ги знаете точно по името на пакетот кои се, графички со KPackageKit е полесно, важно е само кога ќе го најдеме пакетот што го сакаме да ја кликнеме стрелката надолу која значи да го инсталира, и да кликнеме Apply.
  • Со горната команда инсталиравме Twitter клиент (Qwit), два медиа плеери (VLC, Bangarang), софтвер за виртуелизација (како што е VirtualPC во Win), едитор на слики (Krita), читач на RSS/Atom вести (Akregator), и ftp клиент (FileZilla), Skype, апликација за инсталирање на мануелно симнати пакети (GDebi), и WINE за Windows програмите.
  • Но, некои пакети ги нема во овие ‘складишта’. Нив мануелно ќе ги симнеме (замислете ги како сетапи), тие (со нивните линкови) се:
  • Adobe Reader (линк)
  • Adobe Air (линк)
  • ClipGrab (32bit линк, 64bit линк)
  • ClipGrab едноставно се инсталира, го симнуваме .deb пакетот и кликаме два пати врз него и го отвораме со GDebi. А Reader и Air не се .deb пакети туку .bin. За нив, одиме во фолдерот кајшто се симнати, правиме десен клик со глувчето -> Properties, го одбираме табот Permissions, штиклираме Is executable, и кликаме OK. Сега, додека сме уште во истиот фолдер, кликнуваме f4, и ни се појавува конзола во долниот дел на прозорецот. Ја внесуваме командата ./ime_na_setapot.bin и ќе ни се изврши сетапот. Во мојот случај оти веќе имав инсталирано, само ја инсталираше поновата верзија што ја превземав. Дури кога ќе заврши инсталацијата затворете го фолдерот. Инаку ќе се прекине инсталацијата.
  • Сега апликациите за да го разубавиме изгледот на нашата работна околина.
  • sudo apt-get install nitrogen kde4-windeco-nitrogen kde4-style-nitrogen kwin-style-aurorae
  • со тоа инсталиравме декоратор на прозорци (Aurorae, и Nitrogen) и Qt ‘стил’ Nitrogen.
  • Ајде сега да видиме што ни се нуди. Одиме Мени -> Settings -> System Settings, одбираме Appearance, и тука се случува целата работа:
  • Првин најважни ни се Style и GTK+ Appearance, тоа е делот кајшто кажуваме која тема/стил да го користи KDE-то, и GNOME апликациите, во второто. За да добиеме унифициран изглед, и сите апликации да излгедаат со истата тема, ќе ја одбереме QtCurve темата кај двете. Потоа, одиме во Style, и одбираме како да изгледа QtCurve темата која ја користиме. Ова е многу моќна тема и има многу поставки, може да добиете изглед, од OS X до тој на Ubuntu-то. За тоа кликнете Configure, и во новопојавениот прозорец кога ќе кликнете на Options -> Predefined Style -> се појавуваат многу стилови за избор. Уште многу повеќе има на портали како kde-look.org.
  • Следно, да го одбереме множеството на бои кои ќе ги користи оперативниот систем во темата, кликаме на Colors. Има веќе некои, но можете и нови да превземете од гореспоменатиот портал и да им направите Import Scheme.
  • Потоа, во Windows го одбираме декораторот на прозорци, ако одберете Nitrogen, совет од мене: Border size: No side border, а ако одберете Aurorae, кликнете Get New Themes и на посакуваните Install па потоа одберете си некоја од нив.
  • На сличен начин како Aurorae темите, ќе ја смениме темата на виџетите. Го затвораме прозорецот од System Settings и ги минимизираме сите прозорци, и кликаме десен клик -> Desktop Settings. Тука се менува позадината, и темата на виџетите.
  • Истотака интересни теми има на DeviantArt, иако дел од нив се повторвуаат т.е. ги има и на kde-look.org.

(3) Експериментирање, експериментирање, експериментирање:

  • После ова, можете да се препуштите на вашите секојдневни навики пред компјутер, или пак, можете да експериментирате, да инсталирате се што ќе стигнете и да се забавувате, или, двете :)

Pardus Linux 2009

pardusПрво да кажам збор-два за Pardus општо, па после ќе ја рецензирам новата верзија.

Pardus е линукс развиен во Турција (првата верзија е во 2005-та, а почнале да го развиваат во 2003-та),  од страна на нивниот совет за научно и технолошко истражување. Значи на него работи тим на луѓе, кои се платени за тоа од турксата влада, и овој линукс веќе е имплементиран во пола министерства во Турција, а планираат до 2012 да биде во сите.

Новата верзија (2009) беше објавена на 17 Јули, и според соопштението клучни пакети се:

KDE 4.2.4
Linux kernel 2.6.30.1
OpenOffice.Org 3.1.0.6
Mozilla Firefox 3.5.1
Gimp 2.6.6
K3b 1.66
Xorg 1.6.2
Python 2.6.2

Го инсталирав Pardus 2009 International CD-то, и да напоменам дека медиумот е install-only, нема live-cd засега. Инсталацијата е интуитивна и многу лесна, можеби полесна и од таа на Ubuntu-то. После инсталација, скоро се што треба е инсталирано, од драјвери, па кодеци за сите мултимедијални датотеки, до најразлични кориснички програми. После првиот рестарт, односно веднаш после инсталацијата, се логирав, и KWin работеше беспрекорно (беше автоматски овозможен). Потоа, ставив Wireless картичка, (имам вградена, но) да видам драјверите како одат, и веднаш ми ја препозна и одма направив конекција (на Ubuntu ми требаше ndiswrapper за тоа).

После инсталација, автоматски се стартува апликацијата Kaptan која во неколку чекори ве прашува да изберете некоја од предефинираните теми, менија, позадини, и слични информации од кориснички карактер. Сите поставки се имплементирани во “control center”-от на KDE-то. Тоа значи дека сите апликации кои се специфични само за Pardus и се развиени од нив имаат линк и се достапни од контрол центарот. Тука се: менаџерот на пакети PiSi, нивната имплементација на Network Manager, алатка за водење историја кој ден кој пакет бил инсталиран/деинсталиран/обновен, и така натаму.

myPardusDesktopОвој screenshot го направив веднаш после инсталацијата, само wallpaperot е мој, а икон/widget/qt темите беа преинсталирани.

Околу неговата архитектура, инсталациските пакети не се нити RPM, нити DEB, туку PISI. Тоа значи послаба достапност на нови програми кои имаат пакети само на нивните сајтови. Околу конфигурациските датотеки, Pardus личи на RedHat и Fedora, односно на исти локации како кај нив се позиционирани поставките. Корисниците на Ubuntu кои сакаат во текст едитор да ракуваат со сетингзите ќе треба да се прилагодат првин.

Добри страни: ова е прва дистрибуција на KDE што сум ја пробал кајшто се работи како што треба. Amarok-от е во најнова верзија и без проблеми се работи, GNOME апликациите имаат ист Look & Feel како KDE апликациите, не паѓа Plasma-та, не зема многу меморија KDE-то, се е беспрекорно.

Лоши страни: чудна алатка за менаџирање на конекции и интернет. Pardus имаат своја алатка, и се е на друго место, и недостасуваат опции (пример неможам MAC адреса да сменам (дури нити со nano), нема преглед на кои бежични мрежи се најдени – тоа се прави преку Create new connection -> wlan0 -> search – што не е интуитивно, итн.). Repozitory-то е сеуште мало, односно ги нема тие поретко користени програми/пакети, но секојдневно се зголемува. Кога ќе отворам фолдер со PDF-a некогаш се замрзнува прозорецот.

Како и да е, ова е одлична KDE дистрибуција, која нема да си оди во брзо време ;)

Synapse – IM клиент со голем потенцијал

synapseИако има многу IM клиенти, внесување на нови идеи и освежување на работната околина е секогаш добредојдено. На прв впечаток, тоа се и првите работи кои се забележуваат кај овој клиент.

Со тоа што нуди Jabber поддршка (со тоа значи и Gtalk поддршка) веднаш ми стана најкористен клиент на десктопот, но со оглед дека не нуди поддршка за другите протоколи, нема да си го најде местото кај многу корисници.

Сепак, ова е алфа верзија, и неговиот развивач најавува дека набргу ќе има поддршка и за другите протоколи, попат msn live, yahoo, и сл.

Што мене многу ми се свиѓа кај овој клиент:

synapse.im.1

Ми се свиѓа минимилистичкиот изглед, односно, контактите може да се претстават само со нивните икони, не зафаќа многу место на desktop-от, и анимирани се коцките кога се појавуваат и снемуваат. Сето ова е овозможено благодарејќи на Qt технологијата. Истотака, кога се водат дијалози со некого, тие се флуидни и беспрекорно добро графички направени.

Истотака многу ми се свиѓа опцијата за пренесување код, како што може на следниот прозорец да видите.

synapse.im.2

Но сепак, програмата е многу нова и сеуште е во развој. Затоа, не поддржува видео повици, и пренос на податоци.

Би сакал што повеќе нови, и добро графички реализирани програми да гледам, тие особено фалат на Linux десктопите.

И да, програмава моментално е достапна само за Linux (Ubuntu, openSUSE, Foresight, и Arch), но за брзо време ќе дојдат и Windows и Mac OS X верзиите. Повеќе за програмата на овој линк.