Category: Читање

#ПредлогКнига: 8 книги за 2014

Во духот на 12 книги за 2014 од Јан, следува листа од мене, овој пат осум книги. Редоследот е случаен, сите книги ги сметам за еднакво добри за да бидат прочитани.

1. War is a Racket

Dear readers, I first heard of Major General Smedley Butler when I joined the Marines twelve years ago. Hearing of his exploits while in Boot Camp, us recruits all wished we had as much guts as this Demi-God.

— Abe Vigoda “part-time inventor”

Војната е рекет е напишана од американски мајор генерал кој има добиено најмногу одликвања во историјата на Америка во времето кога бил жив. Книгата е опишана како еден од најголемите аргументи против војната и е колекција на есеи. Кажува зошто има војни, кој профитира од нив и кој ја плаќа цената.

2. Founders at Work: Stories of Startups’ Early Days

This is an absolute must read if you’re job, your passion, or both (if you’re lucky) has anything to do with creating technical innovation. “Founders at Work” is a wonderfully meander through the stories of successful company founders – across several decades.

— Thomas Beck

Колекција на солидни интервјуа (вкупно 32 на број) со основачите на едни од најпознатите IT фирми (Apple, Yahoo, GMail, Flickr, Adobe, Fog Creek Software, Firefox, …). 

3. Debt: The First 5,000 Years

One of the year’s most influential books. Graeber situates the emergence of credit within the rise of class society, the destruction of societies based on ‘webs of mutual commitment’ and the constantly implied threat of physical violence that lies behind all social relations based on money.

— Paul Mason, The Guardian

Книгата ја анализира функцијата на данокот низ историјата на човештвото, од нејзиното потекло во античките цивилизации до денешницата. 

4. Thinking, Fast and Slow

An outstandingly clear and precise study of the ‘dual-process’ model of the brain and our embedded self-delusions.

— Galen Strawson, The Guardian

Kahneman provides a detailed, yet accessible, description of the psychological mechanisms involved in making decisions.

— Jacek Debiec, Nature

Книга која ќе не замисли како работи умот, за одлуките кои ги донесуваме и како тие влијаат врз животот.

5. Oil: A Beginner’s Guide

In a fluent, easy style [Smil] delves into the world of oil from its discovery on the ground through to its effect on prices at the petrol pumps, and to its impact on future generations.

— The Good Book Guide

Книга која кажува како се користи нафтата, како се наоѓа, прозиведува и пренесува; кажува за политиките и економијата на нафтата, за социјалните и еколошките проблеми кои ги предизвикува, и колку долго ќе трае. Авторот на книгата доби на популарност пред некое време кога Бил Гејтс посочи дека ги чита неговите книги.

Следно, три новели:

6. The Phoenix Project

This insightful walk through the pain and success of business will trigger deja vu for anyone who has ever run afoul of their complete reliance in their IT organization. I see my own experiences in every stage of the story.

— Dr. Thomas Longstaff, Program Chair, Computer Science, Engineering for Professionals, The Johns Hopkins University.

Новела која опишува една замислена IT компанија, каде што сигурно ќе се пронајдете себеси или некој што го познавате во еден од ликовите. Главниот лик (Бил) добива 90 дена од неговиот шеф (Стив) да го претвори главниот продукт кој го најавува компанијата во успешна приказна. Проектот веќе касни и го има прекорачено буџетот кој бил планиран за негово реализирање. Книгата опишува бројни ситуации  и е полна со информации и совети.  

7. The Circle

Dave Eggers’ new novel asks what would happen if Google was truly evil.

— Aaron Souppouris, The Verge

“The Circle” will be enjoyed (or feared) by those just about to enter the job market, already in up to their neck or those that fear social media in general. As I turn to hit the button that will send this review to various social media, I am already thinking differently about all my smart devices and behavior.

— LTCL

Новела во форма на темна сатира на социјалните медиуми, опишува една замислена IT компанија наречена Circle, која најдобро можеме да си ја претставиме како Facebook и Google заедно во едно. Главниот лик (Мае) се вработува таму и после некое време открива дека не е се така фантастично како што си замислувала.

8. Alif the Unseen

An ambitious, well-told, and wonderful story. Alif the Unseen is one of those novels that has you rushing to find what else the author has written, and eagerly anticipating what she’ll do next.

— Matt Ruff, author of Fool on the Hill and The Mirage

Новела со дејствије во замислена држава во Близок Исток, каде млад хакер (Алиф) од арапско-индиско потекло им помага на неговите клиенти (дисиденти, исламисти и слично) да бидат подалеку од окото на надзорот – притоа обидувајќи се да не навлезе во проблеми самиот.

Новела: Null_Pointer by Ken McConnell (2009)

BooksДоколку не сте замислиле како изгледа новела која спојува теми од полето на компјутерската технологија, мистерија, програмирање, хипноза, детективство, како и љубов, оваа книга ќе ви даде претстава.

null_pointer

Се работи за програмер, Џошуа Џонс, чиј живот е исполнет со мистерии (почнувајќи од чудната сообраќајка во која умрел татко му) , но и со добри пријатели од најразлични кругови, од професионални филмомани преку информатичари до ликовни уметници. Се почнува кога негов колега умира и Џошуа во кодот забележува чудни коментари и одлучува да открие кој стои зад тоа…

Новелата е одлична, во неа се спомнуваат многу компјутерски програми, алатки во аматерското радио, термини.. и што ми се допадна тука е што кога и да се спомне некој термин за прв пат, во следната реченица едноставно го опишува, и продолжува со приказната. Судејќи по новелата авторот има добро познавање (или добро се консултирал) со програмери, со корисници на линукс софтвер, со радио инженери… но и покрај сите тие работи, сепак е лесно читлива и разбирлива за читателот. Како што вели еден рецезент: “Новелите на Кен се полни со технички детали кои гиковите ги сакаат, со прави да се јасни и за сите други технофоби”.

Кога се чита книгата, те влече во еден здив да ја прочиташ (барем во мојот случај, ја прочитав за два дена, но цели два дена ми отидоа :D), и може да се рече дека малку потсетува на новелите на Ден Браун, но сепак, секој има свој стил и искуство.

Многу важно е што авторот одлучил електронската верзија да ја дава бесплатно, но истотака може и да се купи во физичка форма. Ликот до дигиталната верзија е на Scribd (каде што и беше ‘featured’), и линкови за купување на Амазон и Лулу.

Лугархија #3

Излезе и новиот број на овој електронски магазин, во многу по едукативен ‘outfit’ овојпат :)

Може да се превземе од следниот линк.

И да се пофалам, има и моја статија, за Cloud Computing. Вреди да се провери ;)

Поздрав, среќно читање.