Category: Образование

ФИНКИ: коментарите на it.com.mk

На it.com.mk се објави статија за стартувањето на ФИНКИ од септември. Убаво прочитајте ја цела. Според коментарите имам впечаток дека многу студенти не знаат документација да читаат. Секако, извадокот од Службен весник на РМ не ги одговара сите прашања за нас љубопитните, но основните прашања секако дека да.

И друго, неможам да се начудам на коментарите, па ќе ви дадам неколку мои мислења, и гратис, ќе ви персирам ;). До сите коментатори и загрижени:

  • Како студент, не треба една и единствена цел на студиите да ви биде дипломата. Таа треба да ти биде само една награда за знаењето кое сте го добиле (и кое сте биле желни да го добиете) и шансите кои сте ги зграпчиле за време на студиите, и понатака врата за други знаења и шанси.
  • Не се оценува тежина на факултет врз тоа колку било тешко да се помине некој предмет. Можам да бидам професор кој ќе наоѓа забелешки и на најголеми ситници, па сѐ да знаете и пак да немате доволно поени за положување. А има и спротивни случаи, можам да бидам професор кој цел семестар ќе ве ѓњави со лабораториски и семинарски и домашни и ќе ви дадам 2-3 колоквиуми и ќе имате знаење, и ќе положите и тоа можеби и на колоквиуми. И кога ќе заврши семестарот, ќе си речете, абе не беше тежок предметов, ама научив од него.
  • На секој студент својот факултет му е најтежок. Затоа многу е важно да не ги вреѓате другите факултети, може да навредите некоја личност што во иднина ќе ви биде колега на работа или претпоставен.
  • На работодавецот, ако нема некои договори со одредени факултети, ама баш не му е гајле дали ќе стои ПМФ или ФЕИТ или ФИНКИ во дипломата. Одите на интервју, можеби и на повеќе интервјуа и тестирања – зависи до фирмата, и покажувате кое е вашето знаење. Нема да добиете +5 поени на тестот ако ви стои ПМФ или ФЕИТ во дипломата.
  • Не се жалете дека нема практична работа на факултетите. И на ФЕИТ и на ПМФ, можете да земете диплома и да немате земено скоро ниеден предмет кајшто има асално програмирање. Го имам ова слушнато и од студенти од ФЕИТ и од ПМФ. Е сега, тоа не значи дека нема. Има убави предмети со практични содржини, а и најважно, по скоро секој предмет можете повеќе да се посветите на лабораториските вежби а и да земете семинарска или проект. Е сега, ваш е изборот дали сакате да се помачите, или сакате да земете предмет којшто скоро сите колеги го имаат земено за да се дружите, или да земете некој од полесните предмети. И секако, никој не ве спречува секој Април/Мај да спремите CV и да го пратите на 10-20 фирми па некоја да ве земе за летна пракса. Ете ви hint, тогаш се праќа CV, не во Јуни кога сѐ е договорено. Ако факултетот не го прави тоа за вас, сами погрижете се.
  • Нема поента да се фалите дека имате квалитетна настава ако не одите на предавања/аудиториски туку седите во бифе. Нема поента. Вие не го добивате знаењето.

ФИНКИ: дебатата

Денес во Министерство за Образование и Наука дојдовме 30-тина студенти од ФЕИТ (ИКИ, КСИА,..) и ПМФ-ИИ (Институт за информатика), со цел на нас студентите да ни се разјаснат некои работи и да прашаме се што не засега и да се пожалиме доколку има потреба.

Прво, ФИНКИ е кратенка за Факултет за Информатички Науки и Компјутерски Инженеринг.

И сега, што е целата идеја:

  • или да се направи нов факултет за информатика, и стариве институти да си останат, па да има три паралелно
  • или да се направи нов факултет за информатика, и стариве да ги нема, односно ќе се спојат комплетно во новиот

Финтата е што сега, ако сакаш информатика да студираш на УКИМ имаш две места, или на ФЕИТ или на ПМФ, со првата идеја, ќе има уште едно и според мене ќе биде хаос. Кога ќе се пушти ФИНКИ, ќе има три институти кои се бават со информатика, и никој нема да се истакне сите ќе се “тепаат” помеѓу себе, додека другите унирвезитети (државни и приватни ќе ги крадат студентите од УКИМ).

Другата (втората) опција (која на мислам скоро студенти кои дојдоа им се свиѓаше) е да се спојат во ФИНКИ (или како и да ќе се вика дотогаш) и професорите и се да се префрли таму. Тоа е многу подобро бидејќи одма ќе има и постдипломски за тие сега што се апсолвенти, а ако се реализира првата, ќе треба да се почекаат 4 години за тие сега по прв пат што ќе се запишат 4та та станат. Исто, тие постдипломски ќе бидат многу побогати и со нови смерови.

Што е многу важно:

  • без разлика која опција да се реализира, титулата на студентот останува иста, тој кога ќе дипломира ќе го има називот за кој студирал и за кој се запишал на факултет. Само ќе биде сменето името на институцијата (ако тоа е правилниот збор) која ќе ти ја даде дипломата и ќе ти го даде правото на тоа ‘звање’. Јас сум се запишал на Компјутерски Архитектури и Мрежи смерот, и безразлика дали на ПМФ или ФИНКИ ќе завршам, звањето пак ќе ми биде “Дипломиран инженер по информатика – насока компјутерски архитектури и мрежи”. Истото важи и за тие на ФЕИТ. Титулата не се менува, како прво со закон тоа не смее.
  • локацијата на факултетот ќе биде во Скопје, нема во Охрид да се оди, како што многумина шпекулираа. Тој факултет таму нема врска со ова спојување.

Имаше прашања за тие што слушаат (изборни) предмети пример од други институти. Сценарио, студент на ИКИ слуша изборни од ТК. За тие работи, треба да се знае дека еден студент може да слуша изборни од било кој факултет на УКИМ, и во овој случај, ќе треба да шета од ФИНКИ до ФЕИТ за да го слуша тој предмет. Или пак, студент на ИИ (безразлка на кој смер), запишал изборен од, да речеме Физика – истото ќе биде.

Да не зборуваме дека секоја асална држава има Факултет за Информатика. Факултет. Кајшто деканот знае кои вредности да ги цени, кај да брка проекти, кај да инвестира. Сега, и на ФЕИТ и на ПМФ информатичарите се борат со институтите/професорите кои не се од нивниот смер. Доколку се оствари втората опција како што сфатив тоа значи ќе има повеќе студентски размени во странство, ќе се работи на повеќе проекти спонзорирани од ЕУ и други големи институции, ќе има стручни лаборатории (не само соби со компјутери, туку соби со опреми сепцијализирани за определени научни истражувања).

Околку програмата, се спомна дека е во развој, т.е. има некоја драфт верзија, но битно е:

  • нема да има многу електроники/физики. По се информатичари сме, на ПМФ еве има 2-3 предмети кајшто се прогамира во асемблер, и од мое искуство, многу поважно е да знаеш да прогамираш во асемблер, отколку да знаеш отпорници да читаш. Знам да читам спецификација и упатство за работа со контролер без да ги имам тие предмети слушано.
  • ќе има нови смерови, а тие што веќе се запишани на ФЕИТ/ПМФ ќе си продолжат да слушаат на своите.

На постојните факултети, ова спојување не им се свиѓа бидејќи ќе загубат да речеме 40-50% од запишаните студенти и ќе имаат помалце пари. Кога факултетот ќе си дозволи да има приход само од партиципации лошо е, два пати повеќе пари се фаќаат од проекти, одличен пример за тоа е Машински Факултет, дури и нова зграда изградија и тоа доста профи е. По се, има и добра страна од ова за ФЕИТ и ПМФ: ќе можат 100% да се посветат на другите институти и научни истражувања, ..кога бил последниот пат Институт за Физика на ПМФ да прати студент во CERN.

На крај да напоменам дека ова е мој поглед како сум ги сфатил работите, и моите мислења се мои и не сум сакал никого да навредам. Ако некој (кој беше денес, а не кој чул муабети) има забелешка или сфатил поинаку нека прати коментар. Доколку има ‘препуцавања’ можам да ги затворам коментарите.

Истотака ја поддржувам иницијативата за вакви средби, кои не се организираат од страна на студентски организации или сојуз на студенти, туку независно – каде што нема притисоци и уфрлени мислења туку објективно на проблемот се дискутира. Факт е дека може да се направи факултетот без никакво “консултирање” со нас студентите.

П.С. Беше презентирана SWOT анализа за овие две опции на спојување, и документ со примери на држави со големина како нашата кои веќе имаат вакво нешто направено, доколку ги добијам ќе ги споделам.