Category: Друго

Превентабилен рак

На BBC има вест со наслов “Cancer ‘tidal wave’ on horizon, warns WHO“, вест во која има информација вредна за споделување:

Главни извори на превентабилен рак се:

  • Пушење;
  • Инфекции;
  • Алкохол;
  • Дебелина и неактивност;
  • Радијација (и таа од сонцето и таа од медицински скенирања);
  • Воздушно загадување и други фактори од животната средина;
  • Задоцнето/одложено родителство, имањето помалку деца и не доење.

Во веста има и линк до извештајот од СЗО, но тој не е бесплатен за превземање.

Ако ја видиме приложената илустрација, Македонија спаѓа во земјите каде на 100 илјади луѓе, повеќе од 116 умираат од рак.

Cancer

Салата Македонија

Последнава година имав прилика неколку пати да одам во Шпанија во Мадрид а со тоа и (во слободно време) да искусам една друга култура.

Едно нешто што ми се допадна многу е што кога се оди на ручек, сите ресторани имаат ‘мени на денот’ (es: Menu del Dia) – кајшто се нудат неколку (најчето по 5) опции за предјадење, главно јадење и десерт. Пример, некоја супа, па риба со гарнир за главно јадење и сладолед за десерт. Овие менија се поевтини (помеѓу 9 – 13 евра во просек во ‘нормални’ ресторани, секако има и поскапи) споредено со другите опции за јадење и секогаш свежи.

И така еден ден на ручек, време дојде за порачување на десерт и кога гледам на менито Салата Македонија (es: Macedonia de frutas, некогаш и Ensalada Macedonia, it: Macedonia di frutta). Си викам ОК, ја порачувам.

Салата Македонија
Салата Македонија

Ми пристигна канче овошна салата. Секако беше убава салатата/десертот, но луѓето што ги прашав никој не знаеше зошто се вика така салатата, секако и јас не можев да им објаснам од каде името.

После некое време, добив одговор дека ова име го добила салатата по Македонија за време на Отоманската империја, кога на територијата на Македонија има македонци, роми, срби, албанци и така натаму. А тоа е отсликано со тоа што има салата во која има најразлични овошја. Тоа е едната теорија.

Другата теорија која е еднакво застапена е дека салатата е именувана по Македонија за време на Александар Македонски, кајшто опфаќала многу нации, раси и култури. И овој ‘коктел’ на мешавини (како и во претходната теорија) е претставен симболично со салатата.

Освен во Шпанија, оваа овошна салата под истото име ја има и во Италија и во многу држави во Латинска Америка (каде може да биде и во комбинација со сладолед).

Салата Македонија во мексикански прирачник
Салата Македонија во мексикански прирачник од 1969та

Од друга страна пак, во Франција истотака постои салата Македонија (fr: Salade Macedoine) само што не е овошна, таа салата кај нас ја викаме ‘Руска Салата’. Во Шпанија оваа салата истотака ја викаат Руска т.д. нема забуни, но концептот е пак ист, најразлични состојки (само зеленчук наместо овошје) измешани во една салата.

Зошто треба да отидам во странство за да го откријам ова незнам, но ете, се надевам некој научи/откри нешто ново со овој блог пост :)