Салата Македонија

Последнава година имав прилика неколку пати да одам во Шпанија во Мадрид а со тоа и (во слободно време) да искусам една друга култура.

Едно нешто што ми се допадна многу е што кога се оди на ручек, сите ресторани имаат ‘мени на денот’ (es: Menu del Dia) – кајшто се нудат неколку (најчето по 5) опции за предјадење, главно јадење и десерт. Пример, некоја супа, па риба со гарнир за главно јадење и сладолед за десерт. Овие менија се поевтини (помеѓу 9 – 13 евра во просек во ‘нормални’ ресторани, секако има и поскапи) споредено со другите опции за јадење и секогаш свежи.

И така еден ден на ручек, време дојде за порачување на десерт и кога гледам на менито Салата Македонија (es: Macedonia de frutas, некогаш и Ensalada Macedonia, it: Macedonia di frutta). Си викам ОК, ја порачувам.

Салата Македонија
Салата Македонија

Ми пристигна канче овошна салата. Секако беше убава салатата/десертот, но луѓето што ги прашав никој не знаеше зошто се вика така салатата, секако и јас не можев да им објаснам од каде името.

После некое време, добив одговор дека ова име го добила салатата по Македонија за време на Отоманската империја, кога на територијата на Македонија има македонци, роми, срби, албанци и така натаму. А тоа е отсликано со тоа што има салата во која има најразлични овошја. Тоа е едната теорија.

Другата теорија која е еднакво застапена е дека салатата е именувана по Македонија за време на Александар Македонски, кајшто опфаќала многу нации, раси и култури. И овој ‘коктел’ на мешавини (како и во претходната теорија) е претставен симболично со салатата.

Освен во Шпанија, оваа овошна салата под истото име ја има и во Италија и во многу држави во Латинска Америка (каде може да биде и во комбинација со сладолед).

Салата Македонија во мексикански прирачник
Салата Македонија во мексикански прирачник од 1969та

Од друга страна пак, во Франција истотака постои салата Македонија (fr: Salade Macedoine) само што не е овошна, таа салата кај нас ја викаме ‘Руска Салата’. Во Шпанија оваа салата истотака ја викаат Руска т.д. нема забуни, но концептот е пак ист, најразлични состојки (само зеленчук наместо овошје) измешани во една салата.

Зошто треба да отидам во странство за да го откријам ова незнам, но ете, се надевам некој научи/откри нешто ново со овој блог пост :)

One thought on “Салата Македонија

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s