Иднината на оперативните системи

js+pcОперативните системи се софтвер, кој од сите типови на софтвер, ја има имаат потребата најмногу и најбрзо да се менуваат, да се подобруваат и да бидат во тек со најновите харверски новости но и со посакувањата на крајните корисници – меѓу кои барањата за поголема интуитивност и услужливост.

Очигледно зборувам оперативните системи наменети за “десктоп” машините, за мобилните уреди и таблетите, оние кои имаат најмногу контакт со нас – секојдневните корисници. Во овој пост нема да зборувам за оперативните системи кои се наоѓаат во сателитите, во системите кои не смеат ни за еден момент од времето да потфрлат, во серверите (виртуелизирани или не), во уредите во нулеарните реактори, болниците и слично – тие си заслужуваат посебна дискусија и секако не влегуваат во опсегот на она што сакам да го кажам во следните редови.

Имам мислење дека во период од следните години ќе видиме многу промени во декстоп и мобилните оперативни системи, мислење до кое дојдов поради неодамнешни случувања и трендови.

“Декстоп”

Да видиме што се случува тука во последно време:

  • Windows 8 е достапен за јавноста. Една од главните новости е можноста на развивачите на софтвер да пишуваат апликации во JavaScript – јазик кој едно време доминираше само во веб прелистувачите.
  • KDE корисничката околина која се користи во GNU/Linux оперативните системи со најновите верзии нуди подршка за пишување на апликаиции во QtQuick – кој e базиран на QML што е впрочем декларативен јазик базиран на JavaScript.
  • GNOME корисничката околина која истотака се користи во GNU/Linux оперативните системи најави дека JavaScript ќе биде ‘граѓанин од прв ред’ помеѓу другите веќе постоечки јазици во кои можат да се пишуваат апликации. И не само тоа, туку и ќе биде примарниот избор за оваа цел.
  • Chrome OS
    • Самиот оперативен не нуди стандардни десктоп апликации, туку секоја апликација е впрочем веб апликација и се наоѓа во самостоен прозорец во корисничкиот интерфејс – притоа нудејќи ја илузијата дека е стандардна десктоп апликација. Има неколку типови на апликации кои се достапни во Chrome OS, но – иако се ‘веб’ апликации – нудат можност и за работа и кога нема корисникот пристап до интернет – доколку авторот на таа апликација ги има искористено соодветните можности кои ги нуди Chrome OS за таа функционалност.
    • Друго многу важно, поврзано со Chrome OS е фактот дека Chromebook-от на Samsung е најпродаван лаптоп на Amazon во дадената категорија и доминира во неа веќе неколку месеци и фактот дека Google само што го претстави за продажба премиум Chromebook лаптопот Pixel.
Samsung Chromebook - бестселер во "Best Sellers in Laptop Computers" веќе неколку месеци
Samsung Chromebook – бестселер во “Best Sellers in Laptop Computers” веќе неколку месеци
Chromebook Pixel - ултрапремиум (и ултраскапиот) Chrome OS уред од Google
Chromebook Pixel – ултрапремиум (и ултраскапиот) Chrome OS уред од Google

Ова укажува на неколку трендови:

  • ‘The client side seismic shift’ – кајшто се повеќе декстоп апликации ќе се заменуваат со решенија базирани на JavaScript – кајшто е можно (засега).
  • Ќе дојде времето кога ‘десктоп’ оперативните системи ќе бидат поделени на две категории – да речеме лесни и тешки. Лесни ќе бидат тие како Chrome OS кои се одлични за секојдневните корисници кои саат да поминат време на Facebook, да пратат мејл, да напишат некоја белешка во Google Docs, да слушнат некоја песна на SoundCloud и да прегледаат некој видео стрим или клипче на YouTube. Голем дел од корисниците не прават повеќе од годенаведеното. Потоа, ‘тешките’ оперативни системи ќе доминираат таму кадешто треба повеќе моќ од машината но и по-способни апликации. Тука станува збор за користење на софтвер за обработка на податоци, за аудио и видео творење, за програмирање и за софтвер кој влегува во научни цели.
  • Целото тоа оспособување на развивачите на софтвер да пишуваат апликации во JavaScript ќе доведе до можноста една апликација да има две ‘однесувања’ – доколку е извршена на тешката верзија на оперативниот систем – ќе има повеќе функционалности и соодветно доколку е извршена на лесната верзија – ќе има соодветно помало множество на понудени функционалности. Не сум користел Windows 8 и Windows RT – но мислам дека таму веќе се појавува оваа поделба на некое почетно/површно ниво – некои апликации работат и на двете верзии а некои само на Windows 8.
  • Иако се користи JavaScript – за секој оперативен систем и секоја околина соодветно има специфични JavaScript библиотеки кои служат како интерфејс за комуникација помеѓу веб апликацијата и оперативниот систем (пристап до хардверски функции, пример gps, батерија, телефонски повици, итн…). Ќе дојде времето кога ќе има една библиотека која ќе ја користи развивачот на софтвер – а соодветно за избраниот оперативен систем таа ќе ги корсити специфичните методи од предвидената библиотека за него. Ова донекаде е веќе прикажано со QtQuick – кајшто имаме еден ист код – но можеме да правиме апликации и за Linux и за Windows и OS X – но мојата замисла е дека ова ќе биде и на поголемо ниво.
  • Следствено, софтверот како сервис (SaaS) ќе биде во уште поголем пораст. Отворете го Chrome Web Store и ќе ви стане јасно. И новиот Mozilla Marketplace е знак дека овие времиња доаѓаат.

Некои од точкиве се испреплетуваат/се зависни меѓусебно.

“Мобајл”

Во ова поле, кајшто великаните iOS и Android доминираат и Windows Phone е во пораст, се очекува да имаат конкуренција или годинава или 2014та.

Во горенаведените мобилни оперативни системи нема некои ‘сеизмички’ промени, нови верзии од нив добиваме секои неколку месеци, со нови оптимизации и подобрувања но не некои круцијални промени во корисничкиот интерфејс или ‘под хаубата’ во архитектурата на системот и начинот на кој се пишуваат апликации за него.

Но затоа, во развој се неколку оперативни системи кај кои главна работа која ги разликува од горенаведените е тоа што пишувањето на апликации за нив се врши во веб технологии како HTML, CSS и JavaScript.

Тие се веб технологии, но во овие нови оперативни системи ќе создаваат ‘нативни’ апликации за нив. Пионир во овој тип на мобилни оперативни системи беше webOS – кој падна во рацете на HP и отиде во неповрат. Но затоа има нови играчи:

  • Како Sailfish OS на Jolla – фирма создадена од момците кои си отидоа од Nokia а работеа на MeeGo, Maemo и слично – со еден збор талентирани луѓе. Sailfish користи Qt/QML кој веќе е спомнат во овој блогпост.
  • Друг нов играч е Firefox OS на Mozilla – комплето базиран на веб техологии – кои пред некој месец најавија два ‘девелопер’ телефони во соработка со Telefonica и Geeksphone. А денес најавија и телефони во соработка со LG, Alcatel и други производители.
Една од сликите од најавувањето на Firefox OS (превземено од http://live.theverge.com/firefox-os-mwc-2013-live-blog/ )
Една од сликите од најавувањето на Firefox OS (превземено од http://live.theverge.com/firefox-os-mwc-2013-live-blog/ )
  • Трет е Tizen – труд на Samsung за ваков тип на оперативен систем, и секако ‘план б’ и осигурување на независност од Google и Android.
  • Четврт е Ubuntu за мобилни и Ubuntu за таблети – кој како Jolla – со кориснички интерфејс базиран на Qt и јадрото базирано на GNU/Linux. Веќе се очекува во 2014 да почнат да се продаваат уреди базирани на оваа верзија на Ubuntu, но Firefox OS ги претрка.
Ubuntu за мобилни (превземено од http://www.theverge.com/2013/2/19/4005514/ubuntu-phones-2014-might-be-locked-down-by-mobile )
Ubuntu за мобилни (превземено од http://www.theverge.com/2013/2/19/4005514/ubuntu-phones-2014-might-be-locked-down-by-mobile )
  • И да не заборавиме на Plasma Active – трудот на KDE развивачите да направат оперативен систем за таблети кој ги користи иновациите и технологиите кои се достапни во KDE – една од најнапредните кориснички околини. Aпликациите за Active се пишуваат во QML. Веќе има пробни верзии како Kubuntu Active – модифицирана верзија на Kubuntu.

Дали овој нов бран на мобилни оперативни системи ќе создаде промени останува да видиме. Тоа зависи од дали:

  • Секојдневните корисници ќе земат уред базиран на некој од новите оперативни системи;
  • Колку голем “хајп” ќе се создаде и популарност, па да и постоечките (гореспоменати) великани ќе понудат ваков начин на развој на софтвер за нивните оперативни системи;

Доколку има основа, одностно горните зависности се исполнат, ќе доведе до трендови како:

  • оперативни системи базирани на целосно отворени технологии;
  • последните две точки од трендовите кај ‘десктоп’.

Околу овие промени, да не ги заборавиме и веќе постоечките решенија како PhoneGap/Apache Cordova, Titanium, и така натаму, кои веќе овозможуваат користење веб технологии за изработка на мобилни апликации. Доколку имате апликација во Phonegap/Cordova – голема е можноста со лесност во иднина да ја приспособите за горенаведените нови мобилни оперативни системи. Поважниот дел во промените што иднината ги носи е што користењето на овие техологии ќе се извршува на пониско ниво на оперативниот систем од што се случува моментално, со тоа и перформансите ќе бидат подобри од што се моментално.

Уште една мисла за крај: Покрај сите овие промени кои надоаѓаат во софтверот, јасно е дека ќе треба да има промени/надградби и во вештините кои ги поседуваат развивачите на софтвер. Односно да не се само “шлапа” JavaScript туку и да се навлезе во подлабоките концепти и можности кои ги нуди јазикот и да се искористат.

И тоа е тоа, може многу да се навлегува, истражува па и филозофира на темава, но мислам дека има доволно ментална стимулација во постов за да ве замисли.

Доколку забележите некаква грешка, или сакате да го споделите вашето мислење, не се двоумете.

3 thoughts on “Иднината на оперативните системи

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s