Македонски интернет портали и социјалните мрежи

tab_remove-128Морам да кажам дека сум разочаран од македонските интернет портали.

Не само поради содржината во нив, тоа е цел муабет: статии преведувани од српски (бар да беа од англиски – од оригиналниот извор, вака превод на преводот), статии без наведени извори, пародии статии (како тие од njuz и theonion) преведени и прикажани како вистина да е, ‘гугл транслејт’ статии, и така натаму…

Не само поради рекламите: на сите страни во сите форми, музики ти свират без напомена, реклами на цела страна без опција да ја затвориш додека не заврши…

Туку и поради социјалниот момент.

Еве неколку примери:

  1. Наидувам на линк со вест/статија споделена на Фејсбук или Твитер, ме заинтересирува и го кликам линкот. Се отвора порталот, и целиот стајт е затемнет и еден огромен дијалог во средина се појавува кој ме принудува да кликнам Like на нивниот Фејсбук профил за да можам да преминам на содржината што сакам да ја прочитам. Во вакви случаи, го затворам сајтот, ја гуглам веста и наоѓам друг портал кајшто можам да ја прочитам без попречувања.
  2. Наидувам на линк со вест/статија споделена на Фејсбук, го кликам линкот. Се отвора порталот, можам да ја видам содржината, но оп! – за неколку секунди пак ме пренасочува назад на Фејсбук – да ја одобрам аплкацијата што ја направиле на Фејсбук за порталот! (да им беше подобар JavaScript кодот може и помалце секунди ќе чекав). Не, фала.

Моментот кога ќе почнете да го форсирате корисникот да биде ваша реклама преку неговите сметки на социјалните мрежи – сте го изгубиле како ваш читател.

4 thoughts on “Македонски интернет портали и социјалните мрежи

  1. Во право си, само има и друга математика: си го изгубил корисникот, ама си добил 20.000 други. Оп, со време учиш да не се потресуваш за тој еден.

  2. Не биди буквалист. Знаеш што ми е поентата. И да, така би требало да биде, „content is the king“ би требало да ги премостува пречките до успехот. Арно ама правилата што ги читаме од книгите не можат да се аплицираат кај нас во целост. Погледни ги само примерите.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s