Интересни информации за Valve како фирма

Сите знаеме за Valve – ни ги донесоа Half Life и Counter Strike. Потоа и Half Life 2, Portal и Team Fortress и така натаму. Покрај игрите, истотака нудат и одличен сервис (или подобро речено платформа) наречен Steam.

За сите големци од овој тип кои прават игри одсекогаш се ширеле (кул) муабети за како им е на вработените таму, какви се тие, во какви простории работат и слично. Во тој дух денес на HN беше поднесен еден документ наречен Handbook for New Employees  кој им го даваат на сите тие кои прв ден доаѓаат на работа таму. Слободно можете да го превземете од линкот, а јас ќе изнесам некои факти од него:

  1. Организациската структура во Valve е рамна: кажуваат дека кога имаш умни, талентирани и иновативни луѓе, со наредувањето што да прават и да седат на биро 99% од нивната вредност се губи. Се бараат иноватори – а тоа бара услови каде тие можат да творат. Секој има исто/големо ниво на одговорност и зелено светло за работа на проект.
  2. Бироата имаат тркалца: секој треба да биде таму каде што е од најголема вредност. Тимови се формираат и расформираат, некои бараат помош од некого па треба да биде до нив и слично. Бидејќи овие преместувања често се случуваат, имаат интерен сервис кој кажува кој вработен кај се наоѓа а неговата позиција ја наоѓа во зависност на кој LAN приклучок е приклучен тој.
  3. Вработениот сам одлучува на кој проект ќе работи: треба да одлучи во кој проект ќе биде од најголема вредност, кој проект најмногу го исполнува и најмногу ќе го награди. Некои проекти се кратки, некои долги – како во секоја компанија. Секој со одлична идеја на која веќе не се работи може да регрутира колеги да работат заедно со него.
  4. Секој има право на глас во било која одлука што се донесува: без разлика дали тој моментално работи на проектот на кој одлуката влијае или не. Работата на вработениот е да се `вметне` кадешто смета дека е потребен.
  5. Се формираат кабали и тим лидери: во Valve кабалите се привремени групи кои се спонтано формирани од повеќе тимови кои работат во различни полиња. Се формираат органски и од потребата да се исполни некоја поголема идеја. Тим лидерите ја немаат таа класична менаџерска улога. Тие се луѓе кои со текот на проектот се издвојуваат и го држат целиот проект во нивната глава и служат како ресурс со информации на другите при преиспитувањето на одлуките на кои наидуваат.
  6. Ролјата на вработениот зависи од тоа што тој го работи во моментот: нема фиксни ролји, секој вработен кога е на еден проект си дава име на ролјата што го опишува најдобро. Кога ќе почне подоцна на друг проект да работи може и сосема друга ролја да има. Со други зборови, ролјите се флуидни.
  7. Ако вработен подолг период седи до касно на работа се обрнува внимание: во такви ситуации се врши реевалуација и се корегира каде што е потребно. Кога ги имаш најдобрите луѓе најважно е да бидат задоволни на работа и продуктивни но и да имаат добар баланс помеѓу работа и фамилија и другите важни работи во животот за нив.
  8. Вработените пишуваат евалуации помеѓу себе: еднаш годишно сите меѓу себе си даваат фидбек за нивната работа. Целта е да се соберат информации што би му помогнале на тој за кој се однесува фидбекот да биде уште подобар. Фидбекот се собира, прегледува, анонимизира и испорачува во форма на евалуација до секој за кого има таква.
  9. Стек рејтинг: секој вработен е спореден со другите врз база на четири мерила: ниво на вештина/техничка спремност, продуктивност/исход, придонес на ниво на група, придонес на ниво на проект. Колку е погоре вработениот толку повеќе вредност значи внесува во Valve и со тоа толку подобри компензации добива.

Има уште работи кои ги немам спомнато а ги има во документот (меѓу другото и историјата на Valve) како и одлични илустрации т.д. слободно прегледајте го.

Повеќе за:
[1] Valve
[2] Steam

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s