Управување на фидови со Yahoo! Pipes

Толку добро ми се најде Yahoo! Pipes што морам да го пофалам набрзинка.

Сценариото е следно: Имам еден RSS фид кој ми е потребен, но 80% од артиклите не ги читам. Сакам да знам кога ќе излезе нова епизода само за 3 радио емисии, но фидот праќа информации за сите емисии кои ги имаат во системот. Тогаш ми текна дека можам да направам филтер со Pipes.

И за 5 минути го склопив следното:

Слика 1: Едноставно филтрирање на фид

Со тоа што првин го отворив оригиналниот фид, видов дека има таг category во XML-от, и знаев дека најлесно ми е по него да филтрирам. Мора да го знаете форматот на информациите во фидот кој го додавате за да ги искористите најдобро.

И вака за трите радио емисии си направив посебен ‘pipe’ и на крај нели сакам во RSS читачот да ги искористам. За таа цел се оди во My Pipes, ни се листаат сите наши пајпови, го одбираме тој што сакаме да го додадеме во RSS читачот, и кликаме пр. на Get as RSS.

Слика 2: 'Експортирање' на пајп

Секако, Pipes е многу помоќен и нуди многу повеќе можности. Можам

  • повеќе фидови да додадам наеднаш во еден пајп;
  • и тоа од различни типови на извори да додавам информации;
  • да ги комбинирам информациите од нив;
  • да ги филтрирам;
  • да ги сортирам;
  • да им извршувам регуларни изрази, и така натаму…

Две добри презентации кои ги најдов на SlideShare за Pipes а се информативни, корисни и со пософистицирани примери од мојот се Mashup your life with Yahoo Pipes и  Yahoo! Pipes: Munging, Mixing and Mashing.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s