Спремете се за Google Summer of Code 2011

Google Summer of Code е програма која се оддржува секоја година, со која студенти работат цело лето (~ Мај – Август) на OpenSource проекти, и притоа и проектите имаат придонес, и студентите имаат придонес.

Принципот на кој работи GSoC е следниот. Менторите ги пријавуваат проектите до даден рок, меѓу кои се GNOME, KDE, Boost C++, Blender, Chromium, Drupal, Git, Haiku, Mozilla, PostgreSQL, WordPress, итн итн… Откако ќе се утврди кои проекти се прифатени, студентите аплицираат. И потоа од поднесените идеи од студентите и од менторите, се доделува по една на секој студент, и тој има рок цело лето да ја реализира, притоа комуницирајќи со меноторот кој ќе му помага, а и другите развивачи кои се дел од тој проект. Секако не очекувајте целата задача некој друг да ви ја испрограмира :)

Зошто би аплицирале за GSoC?

  • убаво ќе ги извежбате вашите вештини во програмирањето;
  • ќе остварите нови контакти со паметни и интересни луѓе;
  • ако успешно завршите: добивате маица од Google и сертификат (сликата подолу);
  • добивате убав додаток во вашето CV;
  • пари. За наши стандарди доста убави пари [link];
  • и најважно, bragging rights :)
Секој студент кој учествувал изјавува дека искуството е повеќе од позитивно.

Како да “се спремите” за GSoC?

  • видете кои организации/проекти биле примени изминатите години [link]
  • секој проект си има своја Wiki-style страница на која биле дебатирани и поставувани задачите за програмирање, разгледајте ги (пример: Fedora, GNOME, Haiku);
  • за секоја задача пишува колку е тешка и кои познавања се бараат од вас (пример кај Gephi проектот);
  • вклучете се во предложувањето на идеи додека организациите аплицираат, тоа е многу важно од повеќе причини но пред се ќе се запознаете со проблематиката порано;
  • вклучете се во заедницата, сите OpenSource проекти имаат мејлинг листи, форуми и ирц канали на #freenode. Немора да чекате да почне периодот за аплицирање од страна на студентите за да се запознаете со другите луѓе од заедницата!
  • разгледајте ги ланските задачи и пробајте да имплементирате нешто слично, немора 100% да го реализирате, но барем да добиете претстава што сѐ ќе треба да направите летото за да ја исполните вашата задача;
  • отворете си блог, пример на wordpress.com или blogspot.com, претежно сите студенти кои аплицираат, на нерегуларна база од неколку недели постираат по некој блог пост со кој кажуваат до каде се со задачата и какво им е искуството;
  • гуглајте по нет, прочитајте за искуствата на студентите од претходните години;
  • организирајте си го летото, цел месец во Грција може да значи неуспех во исполнувањето на вашата задача;
  • и last but not least, убаво проучете го целиот официјален сајт за GSoC 2011 [link] и пратете го официјалниот блог за OpenSource работи на Google [link].

Ако не сте зафатени летото, строго ви препорачувам учество во GSoC.

One thought on “Спремете се за Google Summer of Code 2011

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s