ФИНКИ: коментарите на it.com.mk

На it.com.mk се објави статија за стартувањето на ФИНКИ од септември. Убаво прочитајте ја цела. Според коментарите имам впечаток дека многу студенти не знаат документација да читаат. Секако, извадокот од Службен весник на РМ не ги одговара сите прашања за нас љубопитните, но основните прашања секако дека да.

И друго, неможам да се начудам на коментарите, па ќе ви дадам неколку мои мислења, и гратис, ќе ви персирам ;). До сите коментатори и загрижени:

  • Како студент, не треба една и единствена цел на студиите да ви биде дипломата. Таа треба да ти биде само една награда за знаењето кое сте го добиле (и кое сте биле желни да го добиете) и шансите кои сте ги зграпчиле за време на студиите, и понатака врата за други знаења и шанси.
  • Не се оценува тежина на факултет врз тоа колку било тешко да се помине некој предмет. Можам да бидам професор кој ќе наоѓа забелешки и на најголеми ситници, па сѐ да знаете и пак да немате доволно поени за положување. А има и спротивни случаи, можам да бидам професор кој цел семестар ќе ве ѓњави со лабораториски и семинарски и домашни и ќе ви дадам 2-3 колоквиуми и ќе имате знаење, и ќе положите и тоа можеби и на колоквиуми. И кога ќе заврши семестарот, ќе си речете, абе не беше тежок предметов, ама научив од него.
  • На секој студент својот факултет му е најтежок. Затоа многу е важно да не ги вреѓате другите факултети, може да навредите некоја личност што во иднина ќе ви биде колега на работа или претпоставен.
  • На работодавецот, ако нема некои договори со одредени факултети, ама баш не му е гајле дали ќе стои ПМФ или ФЕИТ или ФИНКИ во дипломата. Одите на интервју, можеби и на повеќе интервјуа и тестирања – зависи до фирмата, и покажувате кое е вашето знаење. Нема да добиете +5 поени на тестот ако ви стои ПМФ или ФЕИТ во дипломата.
  • Не се жалете дека нема практична работа на факултетите. И на ФЕИТ и на ПМФ, можете да земете диплома и да немате земено скоро ниеден предмет кајшто има асално програмирање. Го имам ова слушнато и од студенти од ФЕИТ и од ПМФ. Е сега, тоа не значи дека нема. Има убави предмети со практични содржини, а и најважно, по скоро секој предмет можете повеќе да се посветите на лабораториските вежби а и да земете семинарска или проект. Е сега, ваш е изборот дали сакате да се помачите, или сакате да земете предмет којшто скоро сите колеги го имаат земено за да се дружите, или да земете некој од полесните предмети. И секако, никој не ве спречува секој Април/Мај да спремите CV и да го пратите на 10-20 фирми па некоја да ве земе за летна пракса. Ете ви hint, тогаш се праќа CV, не во Јуни кога сѐ е договорено. Ако факултетот не го прави тоа за вас, сами погрижете се.
  • Нема поента да се фалите дека имате квалитетна настава ако не одите на предавања/аудиториски туку седите во бифе. Нема поента. Вие не го добивате знаењето.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s