Hotot – нов Twitter клиент за Linux [updated x2]

Инспириран од постов што го видов на WebUpd8 (линк) за клиентов – и од клиентот воопшто, решив да го промовирам малце :)

Се вика Hotot (официјален сајт), native Linux апликација е, ги искористува и GNOME системот за известување (според WebUpd8 и NotifyOSD на Ubuntu), и системот за исвестување на KDE SC соодветно ако ја користите таа околина. Користи WebKit, напишан е во Python и изгледа фенси.

Слика 1: Hotot во акција

Ги поддржува и стариот и новиот начин на Retweet-ување, има систем за додавање екстензии за него, и освен Home Timeline, Mentions, DMs и Favorite Tweets има и Retweets and Retweeted оддел. Секако има и пребарување на профили и пребарување на твитови со одредени зборови a.k.a. “Find someone you love” и “Search for …” :)

Инсталација:

sudo apt-get install python-webkit python-notify python-keybinder mercurial python-distutils-extra
hg clone https://hotot.googlecode.com/hg/ hotot
cd hotot/
sudo ./install.ubuntu

Кога ќе го инсталирате на овој начин, ќе имате и икона во менито – како да сте го инсталирале од *.deb пакет.

Софтверот е во алфа верзија, и е одличен, во иднина само уште очекувам повеќе можности во Preferences и PPA складиште за Ubuntu.

EDIT 1:

Бидете во тек со најновите верзии:

Сега откако еднаш имате направено hg clone, за да ја апдејтувате програмата немора да ја извршувате таа наредба секогаш (со што поточно се симнува кодот од целиот проект), туку треба само да ги земате најновите промени, и откако ќе ги земете нормално да ја извршите со администраторски привилегии инсталационата скрипта install.ubuntu. Односно:
cd hotot/
hg pull
hg update
sudo ./install.ubuntu

EDIT 2:

Складиште/PPA за Ubuntu:

Можете да го додадете следното складиште за да не се мачите да ги симнувате најновите промени од Google Code и да го инсталирате мануелно, туку штом еднаш е инсталиран, автоматски ќе ги наоѓа новите верзии и ќе ве прашува дали сакате да ги инсталирате. За додавање на складиштето и инсталирање на пакетот се следните наредби:
sudo add-apt-repository ppa:hotot-team/ppa
sudo apt-get update && sudo apt-get install hotot

2 thoughts on “Hotot – нов Twitter клиент за Linux [updated x2]

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s