Како да извршите *.jar апликација од конзола, без директно да повикувате Java и од било која патека

Често пати се случува да симнете некое Java програмче кое доаѓа само со *.jar датотека, и нели, за да го извршите/стартувате во конзола, влегувате во папката во која се наоѓа, и ја извршувате наредбата:

java -jar progg.jar

Нели би било убаво, да можете да напишете само progg и со тоа да се изврши/стартува програмата, или уште поубаво, да немора да сте во фолдерот во кој се наоѓа програмата туку едноставно, да можете да ја повикате во било која папка и да се наоѓате.

Има решение од неколку чекори за да се реализира ова, и инспириран од твитот на Дамјан за одличната алатка ditaa,

Слика 1.

одлучив неа да ја земам во примерите. (hint: примерите се за Linux, тестирани на (K)Ubuntu)

Чекор 1: превземање на *.jar датотеката и копирање во соодветна датотека

Откако ќе ја превземеме датотеката, ќе ја екстрактираме во соодветна датотека, да речеме во ~/.ditaa/, и ќе ја имаме следната соддржина во неа:
COPYING
ditta0_9.jar
HISTORY

Чекор 2: создавање на скрипта за извршување на *.jar датотеката

Во истата папка, отвораме бланко текст датотека, ја именуваме ditta, и ја пастираме следната соддржина во неа:
#!/bin/sh
APPDIR=`readlink -f "$0"`
APPDIR=`dirname "$APPDIR"`
јаva -jar ${APPDIR}/ditaa0_9.jar "$@"

Чекор 3: даваме привилегии за извршување на скриптата

За да може да се изврши скриптата, треба да има привилегии за извршување, тоа го постигнуваме со извршување на командата:
chmod +x ditta

Нормално, треба да бидеме позиционирани во папката во која се наоѓа скриптата.

Чекор 4: додавање на папката во системските патеки

Ја отвораме датотеката ~/.bashrc, пр. со наредбата:
nano ~/.bashrc

и на крајот на најпоследниот ред, додаваме нов, и ја пастираме следната соддржина:
export PATH=/home/ime_na_akauntot/.ditaa/:$PATH

кадешто соодветно кај ime_na_akauntot го вметнувате името на вашиот акаунт, и ги зачувувате промените. И на крај, за да има ефект, додавањето во системски патеки, ја извршуваме наредбата:
. ~/.bashrc

Чекор 5: користење на програмата ;)

Се надевам дека ви се најде водичов корисен..

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s