Смотани Java грешки #4

Java-coffe-128Ако имате помала апликација и не е важно ова, но доколку е средна или голема следнава греша не смее да се дозволи:

1) Не-дефинирање и не-користење на константи:

Сега, знаеме во природните науки што е константа. Ги земаме нив во предвид, но, и земаме во предвид нешто друго, константа може да ни биде секој ресурс кој се користи често, секој стринг кој го печатиме често, секоја патека до некоја датотека, било да е икона или скрипта итн…

Замислете да имате огромна GUI апликација, со многу страни и скоро во секоја имате некоја иста икона, и замислете да сте ја пишувале патеката до неа во секоја страна. Што доколку се смени патеката до таа икона? Ќе треба секаде да ја смените. Затоа, отворање нова класа, именувајте ја Constants, и во неа дефинирајте ги сите константи. Пример за една Constants.java датотека со една константа, за, да речеме некоја апликација со физика што се занимава:

package com.moondowner.util;

public class Constants {
public static final long STANDARD_GRAVITY_ACCELERATION = 9.80665;
}

И во другите класи ја користите со Constants.STANDARD_GRAVITY_ACCELERATION, што не само што е полесно од внесување на самиот број, и тоа n пати, туку и доколку сакате да го запишете бројот во поголема/помала точност, тоа само на едно место ќе го смените.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s