Prey – ви помага да го вратите изгубениот лаптоп: вовед, инсталација и конфигурација

Вовед

Се случува некој да изгуби лаптоп, или па да му се украде. Истотака се слчучува да се украде и обичен компјутер (како што беше во некое од основниве школи пред некој месец). Но, затоа постојат алатки кои донекаде помагаат во нивно враќање кајшто навистина припаѓаат, кај нивните вистински сопственици.

Која улога ја има тука Prey? Тоа е програма која се инсталира во вашиот оперативен систем (ја има и за Windows, и Linux, и OS X), која се стартува во позадина секогаш кога ќе се стартува и компјутерот. Корисникот никако неможе да провери дали Prey работи во позадина. И се додека не и речеме на програмата да дејствува таа тивко седи во оперативниот систем.

Но доколку ни го украдат што правиме? Prey автоматски се конектира на интернет и рапортира:

  • каде се наоѓа лаптопот (користи геолокација – зема GPS координати доколку е возможно, доколку не е гледа според IP адреси);
  • ни кажува кои програми ги извршува тој што го украл лаптопот;
  • кои датотеки се нови или сменети;
  • фаќа ‘screenshot’-ови и ни ги праќа;
  • и доколку има webcam дури и со камерата фаќа слики и тие ги праќа;

И истотака можеме да праќаме пораки до лаптопот дека е следен – кои се појавуваат на екранот – со цел да го исплашат крадецот. Но како сето тоа кога лапотот е украден? Prey доаѓа со придружен веб сервис на кој се регистрираме и во него се внесуваме уреди (лаптопи, работни станици, таблети, сл.) и за секој уред додаден го инсталираме Prey, и во инсталираната програма ги внесуваме податоците дадени од веб сервисот (API клуч за корисникот, и одделен клуч за секој уред) – за тие (веб сервисот и уредот) да се препознаваат и комуницираат меѓу себе.

Инсталација и конфигурација

Прво, пред да ја превземеме и инсталираме прогамата ќе се регистрираме на веб сервисот: http://control.preyproject.com/ …ќе ни прати мејл со активација, најнормален процес на регистрирање.

Слика 1: Додаваме нов уред во сервисот

После регистрација, време е да го додадеме уредот во сервисот, за после кога ќе ја инсталираме програмата да ги имаме податоците кои и требаат. Кликаме Add new device.

Слика 2: Внесуваме податоци за дадениот уред

За секој уред ги внесуваме бараните информации.

Слика 3: успешно додаден уред

Следно, ја превземаме програмата за инсталација од: http://preyproject.com/download

После инсталација, го стартуваме Prey Configurator (обавезно со администраторски привилегии) кој на Linux изгледа како на следнава слика (Слика 4):

Слика 4: Prey Configurator во Linux

Додека пак во Windows го има изгледот како на Слика 5:

Слика 5: Prey Configurator во Windows (превземено од preyproject.com)

И на крај, ги наоѓаме во веб сервисот API клучот (секој корисник има по еден) и клучот за уредот (секој уред има посебен клуч), ги внесуваме и одбираме Accept. Другите поставки/опции се наоѓаат во веб сервисот, меѓу кои и најважното:

Слика 6: Доколку ви е украден или исчезнат лаптопот, веднаш во првото интернет кафе и ова променете го во Yes

Доколку го промениме ова во Yes, ќе почне да ни праќа податоци, и ќе ни ја даде можноста да праќаме предупредуања. Истотака во сервисот можеме да одбереме кои податоци да ги праќа, дали автоматски да се апдејтува прогамата во нашиот уред, дали да му праќа статистики до веб сервисот, и така натаму. Сума сумарум, handy алатка.

2 thoughts on “Prey – ви помага да го вратите изгубениот лаптоп: вовед, инсталација и конфигурација

  1. Ја тестираше оваа апликација? Би сакал да видам скриншотови како изгледа од моментот на промената во YES па натака. Ако функционира добро кај нас (со IP адресите), тогаш навистина е згодна алатка.

    1. Ја имам тестирано т.е. ми седи инсталирана од дента кога го напишав блог постот, ни простор не зема многу, ни интернет сообраќај, зошто да не :)

      Немам ‘импровизирано’ да ми е украден лаптопот, ќе пробам деновиве кога ќе имам време и ќе напишам еден follow up.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s