Поставување на околина за Scala програмскиот јазик (за Eclipse)

Првин, како вовед, ќе ја разгледаме одличнава презентација:

Значи, накратко, Scala е програмски јазик кој:

  • вклопува повеќе парадигми, како објектно ориентираното и фунционалното програмирање;
  • се извршува во Java VM;
  • има closures (што Java излгеда и во новата седма верзија ќе нема);
  • може да се користат Java библиотеките во него;
  • проширлив е, итн.

Сега, заклучуваме дека сакаме да работиме Scala и продолжуваме :)

(* за инсталација под NetBeans на следниот линк *)

Инсталираме Java:

newbie alert, командите се извршуваат во конзола  една по една :) ако некоја не се извршила успешно, нема зошто да продолжуваме понатака.
sudo add-apt-repository "deb http://archive.canonical.com/ubuntu lucid partner"
sudo apt-get update
sudo apt-get install sun-java6-jre sun-java6-plugin sun-java6-fonts sun-java6-jdk
sudo update-java-alternatives −−set java-6-sun

Со тоа го додадовме Partner складиштето на Canonical, кадешто е преместена Java-та од Oracle/Sun, ја инсталиравме, и ја поставивме да биде ‘default’. (hint: кога ќе ја пастирате првата команда прекуцајте/заменете ги наводниците во конзолата, вака грешка ќе јави, и друго, wordpress-от командите кајшто има две цртки ги прави во една подолга, такада и тоа кога ќе ја пастирате наредбата, ако има подолга цртка, сменете ја во две кратки-‘минусчиња’)

Инсталираме Scala:

sudo apt-get install scala scala-doc scala-library
и со следната команда можеме да видиме која верзија ја имаме:
scalac -version
и ќе ни врати:
Scala compiler version 2.7.7final -- (c) 2002-2008 LAMP/EPFL
а ако само внесеме scala и ја извршиме наредбата ќе се отвори интерпретерот, кој е корисен доколку скаме да пробаме некоја ситница, да не отвораме цело IDE за тоа.

Инсталираме Eclipse:

Тука да разјаснам нешто, мораме да инсталираме Eclipse, за потоа да инсталираме плагин за Scala. Нема IDE кое е “специјално” за Scala почнато, туку врз постоечките IDE-а како Netbeans, IDEA и Eclipse е додадена поддршката со плагини. Одбрав Eclipse бидејќи за плагинот има две верзии, nightly-builds и stable, кајшто првиот е за 2.8 а вториот е за 2.7. Плагинот за NetBeans 6.8 e за Scala 2.8 RC, кој го немам во складиштата. А плагинот за IDEA е флексибилен работи со сите верзии, кога се отвора Scala проект има чекор кој бара да се специфицира патеката до инсталацијата, но во IDEA не се вклопувам некако. Затоа, ајде да инсталираме Eclipse сега:
sudo add-apt-repository ppa:yogarine/eclipse
sudo apt-get update && sudo apt-get install eclipse-wtp
Следно, го отвораме eclipse.ini  во nano конзолниот едитор со командата:
sudo nano /usr/lib/eclipse/eclipse.ini
И ги поставуваме параметрите да бидат следни, и со Ctrl+X излегуваме од него, при што внесуваме Y и Enter за потврда за промените:
−−launcher.XXMaxPermSize
256m
-vmargs
-Xms256m
-Xmx1024m
-XX:PermSize=64m
-Xss1M
-server
-XX:+DoEscapeAnalysis
-XX:+UseConcMarkSweepGC

Одбравме наместо обичен Eclipse, Eclipse Web Tools Platform, доколку сакате некоја друга (или повеќе плаформи) само сменете го (или додадете и) eclipse-pdt, eclipse-cdt, итн, но wtp најчесто може да се најде и за други пригоди :)

Инсталираме ‘Scala IDE for Eclipse’:

Го стартуваме Eclipse-от, одиме во Help -> Install New Software и ќе ни се отвори следниот прозорец:

Слика 1

Следно, кликнуваме на Add копчето, и ќе ни се отвори следниот прозорец:

Слика 2

Во Name внесуваме што сакаме, важно ова складиште да можеме да го разликуваме од другите кога сакаме да ја прегледаме листата со складишта. А во Location оди следното:

http://www.scala-lang.org/scala-eclipse-plugin
ако сакаме да работиме со стабилната (2.7) верзија, или
http://www.scala-lang.org/scala-eclipse-plugin-nightly
за тие кои сакаат нај-најновото (но и нестабилно) да го пробаат, заедно со Scala 2.8 RC. Кога ќе кликнеме ОК, ќе го одбереме овој склад во Work With делот (види Слика 1), и ќе одбереме:

Слика 3

Потоа одбираме да ги прфати барањата, ќе ја прифатиме лиценцата, ќе го симне плагинот, ќе не праша дали сме сигурни дека сакаме да го инсталираме, велиме да, и ќе се рестартира Eclipse-от.

Отворање на проект во Eclipse:

Сега веќе кога сме во Eclipse, одиме File -> New -> Project, и ќе ни се отвори прозорец наречен New Project и тука одбираме Scala Wizards -> Scala Project, кликаме Next, му даваме име на проектот, кликаме Finish. Не прашува дали сакаме Scala перспективата да се отвори, потврдуваме.

Тест програмче:

Сега, кога вме веќе во проектот, ајде да извршиме некое примерче. Одиме во проектот, десен клик врз src и New -> Package, му даваме име некое, пр. learning, потоа десен клик врз пакетот, и New -> Scala Object, му даваме име bigint и го пастираме следниот код (примерче од scala-lang,org):
package learning
object bigint extends Application {
def factorial(n: BigInt): BigInt =
if (n == 0) 1 else n * factorial(n-1)
val f50 = factorial(50); val f49 = factorial(49)
println("50! = " + f50)
println("49! = " + f49)
println("50!/49! = " + (f50 / f49))
}

Повеќе за кодот и јазикот вооптшто во следен пост :) За да го извршиме одиме Run -> Run As -> Scala Application. И ќе ни го даде следниот излез:
50! = 30414093201713378043612608166064768844377641568960512000000000000
49! = 608281864034267560872252163321295376887552831379210240000000000
50!/49! = 50

Тоа е се засега, среќно кодирање :)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s