AWN – одличен док/панел: впечатоци, инсталација и конфигурација

Впечатоци

Вчера на WebUpd8 имаше пост (Avant Window Navigator 0.4 Final Released (Dock Taskbar And Launcher For Linux)) за новата верзија на AWN, како и линк до официјалното соопштение. Изнервиран што Docky до 150 мегабајти рам ми зема си реков ајде да го пробам – и бев позитивно изненаден :)

AWN е кратенка од Avant Window Navigator, 0.4.0 е најновата верзија во која се наоѓа, и:

  • како и Docky, може да се позиционира на било кој дел од мониторот;
  • за секоја тема може да се одбере дополнително стил: Flat, Edgy, 3D, Floaty, Curved;
  • ако сакате да го користите како панел може да се штиклира ‘Expand the Panel’;
  • ако сакате да го користите како док, има поддршка за Window Dodge и IntelliHide;
  • како и многу аплети.

Тоа што ми се свиѓа кај аплетите е што секој аплет работи во посебен процес. Ако еден аплет “крешува” ќе направи икона слична на таа кога во Хромот ќе крешува страна, и само треба да се кликне иконата за да се рестартира аплетот. Има многу одлични аплети меѓу кои:

  • Yet Another Menu Applet (добар ако го користите AWN како панел);
  • Notification Area и Notification Daemon;
  • Garbage;
  • Feeds;
  • Quit Applet;
  • File Browser Launcher;
  • Weather;
  • Volume Control;
  • Hardware Sensors, итн…

Инсталација

На launchpad awn има две PPA складишта, awn-core и awn-testing. Во core сеуште го нема пакетот т.д. testing ќе го додадеме во нашиот систем. За тие што користат Lucid (Ubuntu 10.04) нема потреба од првата наредба, а за тие што се на Karmic требаат сите три:
sudo add-apt-repository ppa:awn-testing
sudo apt-get update
sudo apt-get install avant-window-navigator-trunk python-awn-trunk python-awn-extras-trunk awn-applets-python-extras-trunk awn-applets-c-extras-trunk python-xklavier
Кога ќе заврши инсталацијата, во Accessories ќе ни се наоѓа апликацијата. Разликата во наредбата тука и на таа кај WebUpd8 е што плус инсталираме и Python Xklavier, кој ни е потребен ако сакаме во докот да го ставиме Dialect аплетот кој впрочем ни овозможува Keyboard Layout функционалност.

Друго, не е неопходно е да имаме овозможено Compiz бидејќи и без може да работи AWN. Некои теми изгледаат исто со и без Compiz овозможено, но некои изгледаат малце по – да речеме old school :).

Конфигурација

Да претпоставиме дека сакаме да го користиме како панел. Пример како на следнава слика:

Откако ќе го стартуваме докот, ќе ни се појави доле на екранот како секој стандарден док, и прво одиме во поставките кајшто ќе не пречека следниот прозорец:

Одиме по ред, ја намалуваме големината на иконите на 28 (со што аналогно и целиот док се намалува), одбираме каде да се наоѓа (пр. Top), ако го користиме како панел, најубаво е Style да биде Flat, потоа одбираме Panel Mode да биде начинот на кој ќе се однесува, и Position on the Screen го влечеме на најлево.

Потоа одиме во табот Task Manager, тука додаваме ‘Launcher’-и до апликации кајшто нивните икони ќе бидат прикажани во докот нели. Најлесно се постигнува ова со drag’n’drop од старт менито на пожелуваните апликации во полето Launchers, и потоа ги местиме посакуваниот редослед. Другите поставки т.е. работите што се штиклирани и одштиклирани ги оставаме – добро работи така.

Следен таб е Applets, ни дава преглед на сите инсталирани аплети, нивни категории и доле во полето Active Applets аплетитие кои ние ги имаме одбрано и нивниот редослед. Пр:

За да добиеме изглед како на скриншотот со панелот, ги редиме аплетите на следниот начин:

Yet Another Menu Applet – File Browser Launcher – Separator – Launcher/Taskmanager – Expander – Mail Applet – Dialect Applet – Notification Area – Notification Daemon – Digital Clock – Quit-Log Out Applet

Тука можни се безброј комбинации.

Важно: за да ги ставиме двата Notification аплети, треба да ги тргнеме тие од gnome-panel-от, бидејќи неможе два да работат во исто време.

И на крај, за да се отстраниме од gnome-panel-от потребно е да ја извршиме следната команда:
sudo gconf-editor
и кога ќе ни се отвори, одиме во desktop -> gnome -> session -> required_components и во полето panel ја менуваме вредноста од gnome-panel во avant-window-navigator.

Тоа е најбезболен начин на решавање на проблемот да не се извршува панелот при секое логирање.

Следно – теми! со инсталацијата која ја направивме погоре четири теми преинсталиравме, но доколку сакаме и други, важно да се знае е дека тие за 0.3.X серијата не одговараат т.е. не се компатибилни. Некои нови теми можеме (засега) да најдеме на овој линк. Ќе отидеме само во табот Themes, ќе кликнеме Install и ќе ја одбереме архивата на темата која сме ја превземале.

И на крај нешто друго важно, секој аплет може дополнително да се конфигурира и тие поставки не се наоѓаат во тие за AWN-то, туку кога ќе се кликне врз аплетот кој работи во докот со десниот клик на маусот може да се одбере. Пример со десен клик врз Dialect Applet кога ќе одбереме Preferences ќе ни се отвори прозорец за поставки, и можеме да го конфигурираме на следниот начин:

Најдобро е кога се прави панел од AWN, на едната страна од мониторот да се остави gnome-panel а на спротивната AWN-то и еден по еден да се анализираат аплетите кои ги имаме во gnome-panel-от и да се додаваат соодветните за тие цели во AWN и потоа gnome-panel-от да го ‘избришеме’.

4 thoughts on “AWN – одличен док/панел: впечатоци, инсталација и конфигурација

    1. Сега баш пробав без Compiz, и работи :) порано пред 0.4.0 не работеше, но оваа верзија штом е rewrite го средиле тоа. Само, кога е без Compiz пати темата. – ќе го едитирам блог постот за ова ;)

      За dependencies, пример avant-window-navigator-trunk бара:
      Depends: libatk, libawn1-trunk, libc6, libcairo2, libdbus-1-3, libdbus-glib-1-2, libdesktop-agnostic0, libfontconfig1, libfreetype6, libglib2.0-0, libgtk2.0-0, libgtop2-7, libpango1.0-0, libwnck22, libx11-6, libxext6, gconf2, avant-window-navigator-data-trunk, python-awn-trunk, libdesktop-agnostic-vfs, libdesktop-agnostic-fdo, libdesktop-agnostic-cfg, dbus-x11 | dbus

      а extras пакетот доаѓа со аплетите и темите ако не грешам значи и не е неопходен но препорачлив е ;)

  1. Looks great, but I’ve got a problem with NetBeans – I can’t make it use the same icon for a launcher and for an active application. Running NetBean’s icon shows no “Add as launcher” option in it’s context menu, and manually added NetBeans launcher always creates a separate icon for running NetBeans instead of reusing its own. It’s very important for me to get rid of this problem, please email me if you’ve got any idea (I understand Macedonian a bit). At the same time Eclipse does not have this problem, so, I think it’s not about Java.

    1. Hello Ivan, thanks for stumbling upon my blog!

      I know about this issue, and yes, It’s not about Java. I think it’s happening because the NetBeans launcher executable is not the same executable as the one when the application is running. I haven’t tried to find a fix for it yet, if I do I’ll let you know :)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s