Програмите од Backtrack во Ubuntu

На сите ни е позната дистрибуцијата Backtrack, нема сомнение тука :)

Новата верзија (линк) доаѓа со многу нови апликации, и нови верзии на старите. Најголема новина е што Backtrack се префрлија на Ubuntu, односно се базирани на него. Без стравови, ист Look’n’Feel има како и претходните верзии.

За обичниот Ubuntu корисник ова значи дека може програмите од Backtrack да ги инсталира во неговиот систем и немора да инсталира Backtrack одделно :D

Прв чекор е додавање на софтверскиот ‘склад’ односно, repository-то: одиме во System -> Administration -> Software Sources, и кога ќе се појави прозорецот го одбираме табот Other Software и кликаме на Add копчето, во новопојавениот прозорец ја пастираме следната линија:

deb http://archive.offensive-security.com pwnsauce main microverse macroverse restricted universe multiverse

И тоа би излгедало вака:

Кликаме да затвори, не прашува дали сакаме да ги обнови информациите за пакетите, кликаме Reload, и готово, ги наоѓа новите апликации кои можат да се инсталираат. Но, и вели дека има GPG Error, односно нема сертификат за новиве пакети, и ги смета за небезбедни. Затоа и него ќе го додадеме.

Отвораме конзола (Applications -> Accessories -> Terminal) и во него ја пастираме следната линија:

wget -q http://archive.offensive-security.com/backtrack.gpg -O- | sudo apt-key add -
&& sudo aptitude update

Со тоа е додаден и клучот. Сега може слободно да инсталираме што и да ни затребало :)

P.S. има едно ограничување, пакетите се само за 32-битни оперативни системи. Го базирале Backtrack-от на Ubuntu 8.10 i386.

P.P.S. еден хинт, на нивниот Twitter профил редовно објавуваат за нови верзии на пакети/апликации, за додадени нови алатки и слично.

One thought on “Програмите од Backtrack во Ubuntu

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s