Добрата страна на користење на скратувач на линкови

Скратувачи на линкови, се сервиси како 0.mk, bit.ly и tinyurl, кои долгите линкови ги прават во кратки, пример:

Долгиот линк : http://arstechnica.com/gaming/news/2010/01/three-years-later-the-ps3-gets-hacked.ars

Може да биде и: http://bit.ly/719FtU

Јасна е разликата, можам да го постирам линкот и до него да искоментирам за него и да биде тоа во помалку од 140 карактери – што е лимитот на Twitter. Или па, можам и во порака да го пратам ;) Значи, придонесува да линковите бидат покомпактни и полесни за споделување.

Но, која е вистинската предност (или со други зборови- зошто ми се свиѓа bit.ly најмногу од овие сервиси)? Предноста е што нуди статистики за тоа колку пати е кликнат линкот.

Лесно е да се вметне во секојдневна упортеба сервисот. Има екстензии за Chrome, Firefox, итн.. кои освен што помагаат да се скрати линкот, имаат можност да ‘preview’ кој е вистинскиот линк – што е добро во случај некој да сака измама да направи или да ве посочи кон ‘лош’ сајт. Голем број Twitter клиенти истотака имаат поддршка, а може и преку неговиот веб интерфејс да се менаџираат линковите.

После bit.ly, најмил од овој тип на сервиси ми е 0.mk па се надевам ќе се воведат некои од дополнителниве можности и во него.

2 thoughts on “Добрата страна на користење на скратувач на линкови

  1. Но, има и лоша страна: наместо да се билда авторитетот на веб сајтот кој тоа го заслужил (со својата квалитетна содржина), web crawl-ерите ќе гледаат само линкови кон сервисот за кратки линкови.

    На долг рок, оваа пракса ќе влијае за полошо рангирање на некои квалитетни сајтови.

    1. Мислам дека ќе се апдејтуваат crawler-ите да се справуваат со скратени линкови како што треба, Гугл нема да дозволи неправилни информации да чува – и онака ги користи и за своја потреба :)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s