Топ 10 ‘програмерски’ фонтови

Отсекогаш сум ги неќел default фонтовите, особено во Eclipse-от, и имам пробано доста алтернативи. Покрај тоа, многу е важно мерачки да работиш во конзолата, и во омилениот текст едитор, било да е Kate, Gedit или Notepad++. Инспириран од статијава ‘Top 10 Programming Fonts‘ во која се гледа дека авторот истотака доста ги има тестирано фонтовите, ќе го дадам мислењето за моите Топ 10 фонтови, бидејќи се разликува од неговото.

Прво, што е ‘програмерски’ фонт? Најчесто, тоа е фонт каде секоја буква е со фиксирана ширина и секој карактер/буква зафаќа исто простор. Се користат од времето на машините за куцање, па сега во конзолите, во едиторите за програмирање/уредување код и скрипти, па се до биологијата. На анлгиски уште ги викаат monospace фонтови.

Важно за тестов:

  • работам на LCD монитор, и користам anti-aliasing (и sub-pixel rendering со medium hinting style). Не ме замара каков излгеда фонтот без anti-aliasing, во 21ви век сме;
  • сите фонтови се во големина 10;
  • ако се чудите како сум користел фонт без македонска поддршка, кога ја нема, кириличните фонтови ги влече од друг фонт од таа категорија (во овој случај monospaced некој);
  • кодчето за споредување е земано од примерот qmusicplayer кој доаѓа со QtCreator.

10. Pragmata:

Зошто на 10-то место? На светот постојат два типа на фонтови, proprietary и под open font license или некоја слична лиценца, епа од тие proprietary што се, скоро сите ги даваат бесплатно, ама некои и коштаат. 10-то место е значи оти “го бие јак глас” :)

09. Sax Mono:

Добар фонт, со футуристички излгед, но некако ги напнува очите после долга работа. Плус, нема македонска поддршка.

08. Lucida Typewriter:

Најверојатно ми се инсталирал фонтов со Adobe апликација некоја, поради носталгии оти порано на Windows многу го користев, ја заслужува 8-мата позиција, иако некако лошо излгеда фонтот на сликата (кога ќе го намалам да не зборувам колку лошо излгеда..).

07. Anonimous Pro:

Многу убаво фонтче, само што кога е фонтот <= 10 многу лошо излгеда, како друг фонт да е… а не пишувам роман па во големи фонтови да работам, ни па имам голем монитор. Посетете ја страната на авторот, многу добри фонтови други има истотака.

06. Andale Mono:

Доаѓа со многу оперативни системи по default, дизајниран е од еден од великаните, Steve Matteson, има чист и конзистентен изглед. Само.. некако како да е веќе виден фонтот, не е нешто Wow.

05. Inconsolata:

Фонт фален од многу инженери и навистина е нешто посебно. Но, нема кирилична поддршка.

04. Monaco:

Фонт кој доаѓа со сите верзии на Mac OS X, и е default фонт во конзолата се до OS X 10.6, кајшто се заменува со Menlo, верзија/модификација на DejaVu Sans Mono. Мора да се признае дека фонтот изледа доста егзотично.

03. Droid Sans Mono:

Уште една креација на Steve Matteson, дел од Droid фамилијата на фонтови, за Open Handset Alliance, кои стојат зад Android платформата како поддржувачи. Фонтот одлично излгеда и е читлив и кристално јасен – од најмалата до најголемата големина.

02. Envy Code R:

Фонтов кога го открив доста долго време не го сменив. Футуризам. Поим за прогамерски фонт. Штета што нема македонска поддршка.

01. Liberation Mono:

Уште една креација на Steve Matteson ;) направена за Red Hat, и дел од Liberation фамилијата на фонтови, наменети да ги заменат постоечките канцелариски фонтови како Arial и сличните. Одлично излгеда, и во споредба со Droid Sans Mono не е толку заоблен, и со тоа (барем мене) ми е по лесен на очите.

00. DejaVu Sans Mono:

Дел од DejaVu фамилијата на фонтови, кои се модификација на Bitstream Vera фонтовите, и според мене се едни од најдобрите фонтови (покрај Liberation и Droid фонтовите). Нивното Wiki.

6 thoughts on “Топ 10 ‘програмерски’ фонтови

  1. Lucida Console – има кирилична поддршка, добро изгледа мал (9pt е големината која јас ја користам) и е вертикално понизок од другите. Што значи ова?

    На истиот монитор и големина на прозорец на едитор, Courier New ми прикажува 51 ред, DejaVu Sans Mono прикажува 58 редови, а Lucida Console прикажува 68 редови код!

    http://new.myfonts.com/fonts/microsoft/lucida-console/

    1. Го немам Console, но тој е варијанта на Typewriter кој го спомнав. Единствената разлика според Wikipedia е тоа што прикажува повеќе редови (што знаме дека е добра работа :)) и ‘Windows Glyph List 4’ карактерите се додадени во него.

      Не е лош фонтот, незнам зошто така лошо кај мене го прикажува (можеби треба од друго место да го инсталирам) ама и некако пројден ми е меракот за него, а има и други лесно читливи фонтови (што не замараат очи после долго време ;)).

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s