Opera Unite – свој сервер за музика, видеа, чат, низ цела мрежа – на лесниот начин

Opera до пред неодамна не користев често, ми седеше инсталирана во случај со Firefox-от да не не се отвора некоја страна како што треба.

Пред може 5-6 месеци, во инсталацијата на Opera вклучија уште една, да речеме пот-програма што оди заедно со неа, и се вика Opera Unite.

Што прави Opera Unite? Нејзините авотир велат, it reinvents the web. Зошто? Затоа што на лесен начин, со неколку клика, можете да направите еден компјутер да е ‘сервер’ и пример, сите други што се во мрежата да слушаат песни преку него, и вие нема да морате да ги копирате песните на компјутер знаејќи дека се таму. Конкретно во мојот случај:

Но, покрај функционалноста како Media Player, има и мнгоу други, можете да ги видите на сликичката горе. Како се стартува Unite?

Кликнуваме Start, доколку немаме акаунт треба да се регистрираме, потоа специфицираме име на компјутерот (може повеќе Unite инсталации да има еден акаунт), и кликаме ОК. Готово, стартуван е.

Освен овие преинсталирани сервиси, можеме многу други да инсталираме, инсталацијата е исто едноставна како инсталирање на плагин во Firefox, а до нив може да се дојде кога ќе кликнеме на Add копчето со што ни се појавува нова страна. Едни од фаворитите (покрај Media Player) ми се Stream Media,

и File Inbox.

Ви ги препорачувам следните две страни за дополнително читање, првата е официјалниот вовед – од кадешто ми е и сликата за стартување на Unite,  а втората е малце подетален водич.

Многу важно нешто е што, можете да одберете дали сервисите/апликациите да се гледаат само во локалната мрежа, или и преку интернет. И истотака, ако одберете да има пристап преку интернет, иако ќе може да ви се пристапи до страната со листата со апликации, за секоја апликација местите лозинка, за да може да се отвори. И нели, можете да одберете дали апликациите дави ги дава на јавната листа дека ви се инсталирани или не.

Hint, за пристап до апликациите, пример за до Music Player-от, во пребарувачот треба да внесам: http://AAA.BBB.CCC.DDD:8840/media_player/ кајшто AAA.BBB.CCC.DDD ни е IP адресата, и ако имате дозволено пристап преку интернет тоа е истата IP адреса со која одите на интернет, а доколку имате дозволено пристап само локален, тогаш е (најчесто) IP адреса од типот 192.168.1.2 – во мојот случај. Тогаш е убаво на рутерот да му кажете на тој компјутер кој ќе биде Opera Unite ‘сервер’ секогаш фиксна локална IP адреса да добива.

За какви било проблеми, Opera има добро неофицијално Wiki, таму има доста добри информации за сите технологии произведени од Opera. Доколку сакате да бидете во тек со Opera Unite, имаат и официјален блог.

Среќни празници!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s