Како до перфектна Kubuntu инсталација

Кога се инсталира оперативен систем на компјутер, грубо кажано има два чекори, 1. install, 2. post-install. Првиот значи земање на CD-то и инсталирање на свеж оперативен систем, а вториот значи, инсталирање на сите дополнителни програмчиња кои ни требаат, на кодеци, на драјвери, итн итн…

За првиот чекор нема да должам многу, премногу е едноставно, плус има премногу сајтови со step-by-step туторијали, пример:

Не е важно што е ова за постара верзија (тековната е 9.10) инсталацијата е скоро иста. Сега преминуваме на post-install делот, којшто треба да ни ја краси работната околина ;)

(1) Хардвер, патеки до ‘складишта’ со апликации (во главно;)):

Совет за секоја точка, првин прочитај ја, па после направи ја.

  • Прво нешто што треба да се направи е да се намести конекцијата кон интернет, без интернет ништо не правиме понатака ;).
  • Следно нешто што се проверува после инсталација е дали има драјвери за се што ни треба. За тоа одиме во Мени -> System -> Hardware Drivers. Се појавува следниот прозорец: Во мојот случај нема ништо (бидејќи имам лаптоп на кој сите компоненти се од Intel – а они издаваат OpenSource драјвери), доколку има, кликнете го и инсталирајте го со кликање Enable. Доколку инсталиравте драјвер за графичка картичка, препорачливо е рестарт на компјутерот да се направи.
  • Следно, отвораме KPackageKit (апликацијата која ни ги менаџира ‘пакетите’), Мени -> System -> KPackageKit. Најпрво, да видиме дали има понови верзии на пакетите веќе инсталирани. Го одбираме Software Updates табот, кликаме Refresh, па Select All, па Apply. Потоа, одбирамеSoftware Management во полето за пребаруваме пишуваме kubuntu-restricted-extras и ја кликаме стрелката десно за да го инсталира, и истото го правиме за firefox-3.5, и кликаме Apply. Ова ни ги инсталира сите ‘не OpenSource’ работи кои се најкористени (Java, Microsoft фонтови, Flash плагин…) и инсталираме Firefox, бидејќи по default не доаѓа со новото Kubuntu. P.S. Не го гасете KPackageKit.
  • Следно, да додадеме неколку други патеки до пакети во KPackageKit, за да можеме да инсталираме се што ни треба. Одбираме Settings -> Edit Software Sources, и ни се појавува следниот прозорец и го одбираме табот Other Software. Доле има копче Add, го кликаме и го внесуваме следното:
  • deb http://ppa.launchpad.net/kubuntu-ppa/backports/ubuntu karmic main
  • и потоа го внесуваме неговиот клуч, одиме во табот Authentication и го додаваме клучот кој ќе го превземеме од тука, но бидејќи вака е многу долго и досадно да ги внесуваме сите по ред, ќе пробаме на следниот начин.
  • Значи, полесниот начин е следниот: првин го гасиме KPackageKit, отвораме конзола, Мени -> System -> Terminal, и ги извржуваме следниве команди една по една:
  • sudo add-apt-repository ppa:kubuntu-ppa/backports‘ (пакети од последното стабилно KDE)
  • sudo add-apt-repository ppa:samrog131/ppa (пакети од дополнителни KDE апликации, со Nitrogen темата (портирана Oxygen тема со повеќе опции), со Arora window border, итн..)
  • sudo add-apt-repository ppa:dr-akulavich/ppa (пакетот qwit- одличен twitter клиент и неговите потребни пакети)
  • sudo add-apt-repository ppa:xxtjaxx/kdestuff (за апликацијата bangarang- интересен ‘медиа плеер’)
  • sudo add-apt-repository ppa:c-korn/vlc (за VLC медиа плеерот :))
  • sudo add-apt-repository ppa:ubuntu-wine/ppa (за WINE, кој овозможува да инсталирате Windows програми во Linux)
  • После, сите овие наредби извршуваме sudo apt-get update, за системот да знае кои се пакетите кои ги има на располагање и кои се најновите верзии.
  • И трето, отвораме пак KPackageKit, штиклираме Medibuntu во листата (тука влегува Skype, Google Earth, и некои кодеци кои ретко се користат).
  • После сите овие додавања на пакети, пак правиме во конзола:
  • sudo apt-get update (ја обновува листата со пакети)
  • sudo apt-get upgrade (ги симнува и инсталира новите пакети)

Сега би било добро да се одлогираме и логираме отпоново, или пак да го рестартиреме компјутерот. Бидејќи со ова и инсталиравме понова верзија на KDE. Сега кога ги средивме овие работи, може да преминеме на инсталирањето на пакетите, и нивно конфигурирање, и совети до добри теми за KDE :)

(2) Инсталација на програмите, прилагодување на изгледот на работната околина:

  • Првин да инсталираме тоа што ни фали од кориснички апликации, или преку KPackageKit, или преку конзола, како сакате. Нека биде преку конзола:
  • sudo apt-get install qwit bangarang krita virtualbox-ose-qt akregator filezilla vlc vlc-plugin-esd mozilla-plugin-vlc skype gdebi gdebi-gtk wine
  • вака може кои сакаме програми да ги инсталираме. Доколку не ги знаете точно по името на пакетот кои се, графички со KPackageKit е полесно, важно е само кога ќе го најдеме пакетот што го сакаме да ја кликнеме стрелката надолу која значи да го инсталира, и да кликнеме Apply.
  • Со горната команда инсталиравме Twitter клиент (Qwit), два медиа плеери (VLC, Bangarang), софтвер за виртуелизација (како што е VirtualPC во Win), едитор на слики (Krita), читач на RSS/Atom вести (Akregator), и ftp клиент (FileZilla), Skype, апликација за инсталирање на мануелно симнати пакети (GDebi), и WINE за Windows програмите.
  • Но, некои пакети ги нема во овие ‘складишта’. Нив мануелно ќе ги симнеме (замислете ги како сетапи), тие (со нивните линкови) се:
  • Adobe Reader (линк)
  • Adobe Air (линк)
  • ClipGrab (32bit линк, 64bit линк)
  • ClipGrab едноставно се инсталира, го симнуваме .deb пакетот и кликаме два пати врз него и го отвораме со GDebi. А Reader и Air не се .deb пакети туку .bin. За нив, одиме во фолдерот кајшто се симнати, правиме десен клик со глувчето -> Properties, го одбираме табот Permissions, штиклираме Is executable, и кликаме OK. Сега, додека сме уште во истиот фолдер, кликнуваме f4, и ни се појавува конзола во долниот дел на прозорецот. Ја внесуваме командата ./ime_na_setapot.bin и ќе ни се изврши сетапот. Во мојот случај оти веќе имав инсталирано, само ја инсталираше поновата верзија што ја превземав. Дури кога ќе заврши инсталацијата затворете го фолдерот. Инаку ќе се прекине инсталацијата.
  • Сега апликациите за да го разубавиме изгледот на нашата работна околина.
  • sudo apt-get install nitrogen kde4-windeco-nitrogen kde4-style-nitrogen kwin-style-aurorae
  • со тоа инсталиравме декоратор на прозорци (Aurorae, и Nitrogen) и Qt ‘стил’ Nitrogen.
  • Ајде сега да видиме што ни се нуди. Одиме Мени -> Settings -> System Settings, одбираме Appearance, и тука се случува целата работа:
  • Првин најважни ни се Style и GTK+ Appearance, тоа е делот кајшто кажуваме која тема/стил да го користи KDE-то, и GNOME апликациите, во второто. За да добиеме унифициран изглед, и сите апликации да излгедаат со истата тема, ќе ја одбереме QtCurve темата кај двете. Потоа, одиме во Style, и одбираме како да изгледа QtCurve темата која ја користиме. Ова е многу моќна тема и има многу поставки, може да добиете изглед, од OS X до тој на Ubuntu-то. За тоа кликнете Configure, и во новопојавениот прозорец кога ќе кликнете на Options -> Predefined Style -> се појавуваат многу стилови за избор. Уште многу повеќе има на портали како kde-look.org.
  • Следно, да го одбереме множеството на бои кои ќе ги користи оперативниот систем во темата, кликаме на Colors. Има веќе некои, но можете и нови да превземете од гореспоменатиот портал и да им направите Import Scheme.
  • Потоа, во Windows го одбираме декораторот на прозорци, ако одберете Nitrogen, совет од мене: Border size: No side border, а ако одберете Aurorae, кликнете Get New Themes и на посакуваните Install па потоа одберете си некоја од нив.
  • На сличен начин како Aurorae темите, ќе ја смениме темата на виџетите. Го затвораме прозорецот од System Settings и ги минимизираме сите прозорци, и кликаме десен клик -> Desktop Settings. Тука се менува позадината, и темата на виџетите.
  • Истотака интересни теми има на DeviantArt, иако дел од нив се повторвуаат т.е. ги има и на kde-look.org.

(3) Експериментирање, експериментирање, експериментирање:

  • После ова, можете да се препуштите на вашите секојдневни навики пред компјутер, или пак, можете да експериментирате, да инсталирате се што ќе стигнете и да се забавувате, или, двете :)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s