За црните бисери и нашата потсвест

Колку сме ние тоа предвидливи. Ја читам Neuro Web Design и во четвратата глава, се зборуваше за спроведен тест во 1975-та каде луѓе биле поставени да пробуваат колачиња од две тегли. Едната била полна, а другата со само две-три колачиња. Во двете тегли има од истите колачиња. И, кои биле подобри? Тие во теглата кадешто имало помалце. Моќта на социјалната валидација е голема. Во старт помислуваме дека колачињата од попразната тегла се подобри само затоа што можеби повеќе луѓе пробувале од неа.

black pearlsДруг ваков common sence. Се што е поевтино или бесплатно е полошо од тоа што е скапо. Или со други зборови, ако е скапо, сигурно вреди. Потсвесно човекот секогаш така мисли. Епа кај софтверот и не е секогаш така, но за тоа попосле. Сега, за црните бисери. Тие не почнале да се продаваат во исто време како и белите. Белите одамна биле од голема вредност, нормално како накит. Првиот трговец на црни бисери, откако собрал колекција од нив, отворил тезга во неговото маало и ги продавал по доста ниска цена – да ја задоволи својата економска егзистенција. Но, никој не му ги купувал и му ги вреднувале многу ниско. После некое време тезгата ја преместил во ‘скапиот’ дел на градот, и им ставил претерано големи цени. Почнале да се продаваат како луди и станале хит. Совет, не ја вреднувај работата во однос на тоа колку ти треба во моментот, туку во вистинската, или.. ‘вистинската’ ;).

Во 101 Зен Приказна имаше добар пример. Ученик го прашал својот зенистички учител која е највредната работа на светот, и тој му одговорил глава на пцовисана мачка. Ученикот го прашал зошто, и одговорот бил “бидејќи никој неможе да и ја определи цената”.

Друг пример. Не ми текнува на кој сајт летово прочитав за како некој сопственик на продавница за бела техника, не му одело добро на определени продукти. За да не му останат во магацин и да му се исплати инвестицијата, залепил на секоја амбалажа ‘deluxe’ лепенка и додал уште еден аксесоар внатре или дополнителен прирачник, и ја зголемил за 20 долари цената. Процентот на продажбата му се зголемил. Со тоа што гледаме на некоја амбалажа или име deluxe, limited edition, и слични поими, веднаш креираме претстава дека тој продукт има некоја додатна вредност и не ја гледаме големата слика, односно не гледаме што врочем добиваме.

apple-unibookДруг фактор кој влијае е лојалноста. Microsoft и Apple им даваат слика на крајните корисници како тоа се грижат тие за нив, дека тие им се тоа што најмногу им вреди, и дека секој од нив е поединечно третиран. Лојалноста кај Apple преминува во фанатизам. Еден корисник на промоцијата на апсурдниот лаптоп без тастатура од Apple изјави, “I’ll buy almost anything if it’s shiny and made by Apple.”.

Ах софтверот, тоа е веќе друг проблем во друг универзум;).. пред подолго време, еден колега ми рече “Абе многу фирми работат Java оти е бесплатна, и затоа користат Eclipse или NetBeans, не се плаќа за нив”. И друг случај, кога барав лаптоп барав без оперативен систем, бидејќи и онака нема Windows да користам, другар ми рече, “Купи лаптоп без Windows оти не ти се даваа пари, и онака пиратски ќе користиш.” Not! Има една работа што се вели Total Cost of Ownership. Тука не е се бесплатно. Дури и да е стартната цена бесплатна, многу поважно е колку чини техничката поддршка, оддржувањето, какви можности нуди технологијата, за која цел ја користиме и што бараме од неа. И да го набавиме продуктот безпари, инсталирањето и поставувањето, пример во едно школо на сите компјутери, чини пари.

“Но, бидејќи бесплатно го даваат, не е подобар од некој што се плаќа, зошто би го давале бесплатно инаку?”
Има други начини да дојдеш до пари преку својот продукт, отколку наплаќање на крајниот корисник:

  • Реклами (директни и индиректни);
  • Можеби тоа е спореден продукт дел од поголема слика;
  • Спонзорства (некој ќе го види твојот продукт и ќе сака да го развиваш бидејќи ќе сака после да искористи некоја технологија од него);
  • Давање техничка поддршка, и така натаму…

Одличен пример за ова се Google продуктите, и Ubuntu оперативниот систем. Одлични се, си ја вршат својата работа префектно, но не ни бараат пари. Зошто? Google заработуваат од реклами и слични работи, а Ubuntu од техничка поддршка (во десетици влади по државиве во светот луѓето работат Ubuntu софтвер).

За тоа колку е добар слободниот софтвер кажува и Firefox (кој впрочем во моментов се користи во скоро 30% во светот и расте) . Во Македонија и повеќе мислам, и мислам дека големиот процент на Internet Explorer корисници се должи на тоа што доаѓа преинсталиран на секој Windows, а не се сите едуцирани да користат компјутер. А како тие заработуваат? Со тоа што Google им е ‘default’ провајдер за пребарување, добиваат големи суми од нив.

StatCounterGlobal

Ќе завршам со софтверот со отворен код.
“Но, ако е Open Source, тогаш секој ќе може да ми го зема и менува кодот, неќам да го давам кодот некој да си игра со него.”
Има повеќе лиценци за отворен/слободен софтвер:

  • Пример се BSD/LGPL/Apache лиценците, кои даваат да го користиш слободниот софтвер, и да правиш продукти за кои можеш да наплаќаш. Но треба да напоменеш дека ја користиш таа и таа програма/библиотека/технологија која е под таа и таа лиценца. И ако направиш промени во нејзиниот код, мора да го пратиш на авторите. Твојот код немора никој да го знае, тој немора да го објавиш.
  • Друг дел се GPL типот на лиценци. Ако правиш програма која зема нешто објавено под GPL, мора и твојот труд да е GPL и кодот да биде објавен.

Доколку некој не ги почитува лиценците, пример јас си земам некоја програма објавена под GPL и си направам своја врз неа со дополнителни работи и ја продавам, можам да бидам тужен. Тоа се случи и со Cisco годинава, и се спогодија да не се тужат туку да додадат на сајтот еден дел кашто се зборува за слободниот софтвер.

Истотака, одличен начин да оживееш продукт кој е во изумирање е да го направиш Open Source, доколку тоа не е предоцна направено и навистина не е ирелевантен продуктот.

Во постов се зборував за две работи, првата половина, за колку сме предвидливи и common sense-от, а втората за слободниот софтвер. Тешко е да се држиш на една тема доколку таа се претопува во многу аспекти од животот ;)

Колку сме ние тоа предвидливи. Ја читам Neuro Web Design и во четвратата глава, се зборуваше за спроведен тест во 1975та каде луѓе биле поставени да пробуваат колачиња од две тегли. Едната била полна, а другата со само две-три колачиња. Во двете тегли има од истите колачиња. И, кои биле подобри? Тие во теглата кадешто имало помалце. Моќта на социјалната валидација е голема. Во старт помислуваме дека колачињата од попразната тегла се подобри само затоа што повеќе луѓе пробувале од неа.

Друг ваков common sence. Се што е поевтино или бесплатно е полошо од тоа што е скапо. Или со други зборови, ако е поскапо, сигурно вреди. Потсвесно човекот секогаш така мисли. Епа кај софтверот и не е секогаш така, но за тоа попосле. Сега, за црните бисери. Тие не почнале да се продаваат во исто време како и белите. Белите одамна биле од голема вредност, нормално како накит. Првиот трговец на црни бисери, откако собрал голема колекција од нив, отворил тезга во неговото маало и ги продавал по доста ниска цена - да ја задоволи својата економска егзистенција. Но, никој не му ги купувал и му ги вреднувале многу ниско. После некое време тезгата ја преместил во 'скапиот' дел на градот, и им ставил претерано големи цени. Почнале да се продаваат како луди и станале хит. Совет, не ја вреднувај работата во однос на тоа колку ти треба во моментот, туку во вистинската, или.. 'вистинската' ;). Во 101на Зен Приказна имаше добар пример. Ученик го прашал својот зенистички учител која е највредната работа на светот, и тој му одговорил глава на пцовисана мачка. Ученикот го прашал зошто, и одговорот бил "бидејќи никој неможе да и ја определи цената". 

Друг пример. Не ми текнува на кој сајт летово прочитав за како некој сопственик на продавница за бела техника, не му одело добро на определени продукти. За да не му останат во магацин и да му се исплати инвестицијата, залепил на секоја амбалажа 'deluxe' лепенка и додал уште еден аксесоар внатре или дополнителен прирачник, и ја зголемил за 20 долари цената. Процентот на продажбата му се зголемил. Со тоа што гледаме на некоја амбалажа или име deluxe, limited edition, и слични поими, веднаш креираме претстава дека тој продукт има некоја додатна вредност и не ја гледаме големата слика, односно не гледаме што врочем добиваме.

Друг фактор кој влијае е лојалноста. Microsoft и Apple им даваат слика на крајните корисници како тоа се грижат тие за нив, дека тие им се тоа што најмногу им вреди, и дека секој од нив е поединечно третиран. Лојалноста кај Apple преминува во фанатизам. Многу корисници имаат речено, "If it's an Apple, I'll buy it, I don't care what it is."

Ах софтверот.. пред подолго време, еден колега ми рече "Абе многу фирми работат Java оти е бесплатна, и затоа користат Eclipse или NetBeans, не се плаќа за нив". И друго, кога барав лаптоп барав без оперативен систем, бидејќи и онака нема Windows да користам, и другар ми рече, "Купи лаптоп без Windows оти не ти се даваа пари, и онака пиратски ќе користиш." Not! Има една работа што се вели Total Cost of Ownership. Тука не е се бесплатно. Дури и да е стартната цена бесплатна, многу поважно е колку чини техничката поддршка, оддржувањето, какви можности нуди технологијата, за која цел ја користиме и што бараме од неа. И да го набавиме продуктот безпари, инсталирањето и поставувањето, пример во едно школо на сите компјутери, чини пари.

"Но, бидејќи бесплатно го даваат, не е подобар од некој што се плаќа, зошто би го давале бесплатно инаку?"
Има други начини да дојдеш до пари преку својот продукт, отколку наплаќање на крајниот корисник. Прво, реклами (директни и индиректни), второ можеби тоа е спореден продукт дел од големата слика, трето спонзорства (некој ќе го види твојот продукт и ќе сака да го развиваш бидејќи ќе сака после да искористи некоја технологија од него), четврто од давање техничка поддршка. Одличен пример за ова се Google продуктите, и Ubuntu оперативниот систем. Одлични се, си ја вршат својата работа префектно, но не ни бараат пари. Зошто? Google заработуваат од реклами и слични работи, а Ubuntu од техничка поддршка (во десетици влади по државиве во светот луѓето работат Ubuntu софтвер).

Што ме потсети, имам еден професор на факултет, имам високи мислења за него, вреден е и многу успеал и знае многу работи како од технологијата така и од животот. Но е Microsoft ориентиран и е анти слободен софтвераш. И секоја година студентите ги убедува дека треба да користат Internet Explorer, и дека Mozilla Firefox ја користат 5% од луѓето. Но, тоа е.. не ја видел заедницата, луѓето кои се бават со тоа, бизнис моделите во слободниот софтвер, итн.. 

Ќе завршам со софтверот со отворен код.
"Но, ако е Open Source, тогаш секој ќе може да ми го зема и менува кодот, неќам да го давам кодот некој да си игра со него."
Има повеќе лиценци за отворен/слободен софтвер:
Пример се BSD/LGPL/Apache лиценците, кои даваат да го користиш слободниот софтвер, и да правиш продукти за кои можеш да наплаќаш. Но треба да напоменеш дека ја користиш таа и таа програма/библиотека/технологија која е под таа и таа лиценца. И ако направиш промени во нејзиниот код, да го пратиш на авотрите. Твојот код немора никој да го знае, тој немора да го објавиш.
Друг дел се GPL типот на лиценци. Ако правиш програма која зема нешто објавено под GPL, мора и твојот труд да е GPL и кодот да биде објавен.
Доколку некој не ги почитува лиценците, пример јас си земам некоја програма објавена под GPL и си направам своја врз неа со дополнителни работи и ја продавам, можам да бидам тужен. Тоа се случи и со Cisco годинава, и се спогодија да не се тужат туку да додадат на сајтот еден дел кашто се зборува за слободниот софтвер.

Истотака, одличен начин да оживееш продукт кој е во изумирање е да го направиш Open Source, доколку тоа не е предоцна направено и навистина е ирелевантен продуктот.

Во постов се зборував за две работи, првата половина, за колку сме предвидливи и common sense-от, а втората за слободниот софтвер. Тешко е да се држиш на една тема доколку таа се претопува во многу аспекти од животот ;)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s