Haiku – реинкарнација на стар пионер, BeOS

haikulogobigПорано беше BeOS, и беше оперативен систем како никој друг, но се покажа без добар маркетинг и менаџмент продуктот пропаѓа, па и да е најиновативниот досега измислен.

BeOS беше дотогаш најнапредниот оперативен систем, за него имаше најмногу комерцијални апликации, од студија за анимации (Moho), office пакети (Gobe Productive), аудио продукција (CueStudio) итн итн..

Имал богато C++ API, модуларен дизајн, имал датотечен систем способен за метаподатоци, индексирање и ‘journaling’, и одличен multithreading (еден пример: по default во GUI апликациите секој прозорец има своја нишка).

Во тоа време Apple немаше ни preemptive multitasking, а Microsoft продаваа Windows 95. И накратко, како пропадна BeOS, пред да зборуваме за Хаику? Пропадна бидејќи беше направен за PowerPC архитектура, наместо за X86, и затоа што не успеаа да го продадат Be на Apple за 200 милиони долари (кои тогаш имаа многу лош оперативен систем и требаа нов да направат, и наместо Be, ги купија NEXT во пакет со Steve Jobs и го направија OS X-от).

Сега е Haiku, и пред некое време само што излезе Alpha 1 верзијата од овој оперативен систем. Haiku е нова имплементација на BeOS, Open Source, во C++, и прв стремеж им е сите апликации кои работеле на BeOS да бидат компатабилни со него, а потоа и да продолжат со иновации.

Screenshot-Live Tester [Running] - VirtualBox OSEScreenshotГо симнав CD-то и го покренав во Live околина (дава избор – може и директно програмата за инсталација да се одбере) и не мерев секунди, но многу брзо работи – немаат дурни ни песочен часовник ;). Има многу апликации во него, како за корисниците така и за развивачите (git, gcc, итн..). Истотака има мултимедијална поддршка (сите популарни аудио/видео формати работат), и многу driver-и, единствено нема WiFi имплементирано (развивач на Haiku тврди дека моментално се портира FreeBSD WiFi стекот).

Во сликите подолу може да видите дека има многу програми, нема да ги набројувам, само ќе кажам дека ми се свиѓа WonderBrush – апликација за графичка обработка за фотографии, и дека има Firefox, но развивачите моментално работат на нив прелистувач, базиран на WebKit. Еве и листа на програми за BeOS, но работат и во Haiku. И да, има VLC! :)

Screenshot-Live Tester [Running] - VirtualBox OSE-2Screenshot-Live Tester [Running] - VirtualBox OSE-3
Screenshot-Live Tester [Running] - VirtualBox OSE-4Screenshot-Live Tester [Running] - VirtualBox OSE-5Во горните четири слики можете да ги видите сите апликации од ‘start’ менито, а во следните два и некои од нив стартувани.

Screenshot-Live Tester [Running] - VirtualBox OSE-6Screenshot-Live Tester [Running] - VirtualBox OSE-7

Што ќе се случи со оваа платформа не се знае, дали ќе се искомерцијализира или не, но важно е дека е Open Source проект, па нема да го снема како BeOS-от. Развивачите се стремат да ја направат платформата што попртифатлива за сите, и велат дека многу лесно може да се приспособи за Netbook-ови, и истотака дека полека но сигурно се повеќе и повеќе луѓе се приклучуваат во овој проект.

Порано беше BeOS, и беше оперативен систем како никој друг, но се покажа без добар маркетинг и менаџмент продуктот пропаѓа, па и да е најиновативниот досега измислен. BeOS бил дотогаш најнапредниот систем, за него имаше најмногу комерцијални апликации, од студија за анимации (Moho), office пакети (Gobe Productive), аудио продукција (CueStudio) итн итн.. Имал богато C++ API, модуларен дизајн, имал датотечен систем способен за метаподатоци, индексирање и 'journaling', и одличен multithreading (по default во GUI апликациите секој прозорец има своја нишка). Во тоа време Apple немаше ни preemptive multitasking, а Microsoft продаваа Windows 95. И накратко, како пропадна BeOS, пред да зборуваме за Хаику? Пропадна бидејќи беше направен за PowerPC архитектура, наместо за X86, и затоа што не успеаа да го продадат Be на Apple за 400 милиони долари (кои тогаш имаа многу лош оперативен систем и требаа нов да направат, и наместо Be, ги купија NEXT во пакет со Steve Jobs и го направија OS X-от).

One thought on “Haiku – реинкарнација на стар пионер, BeOS

  1. многу шема ревју, да не го прочитав немаше ни да знам дека постои, tnQ на просветлувањето и дефинитвно ке го пробам, бар како liveCD
    поз

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s