Новела: Null_Pointer by Ken McConnell (2009)

BooksДоколку не сте замислиле како изгледа новела која спојува теми од полето на компјутерската технологија, мистерија, програмирање, хипноза, детективство, како и љубов, оваа книга ќе ви даде претстава.

null_pointer

Се работи за програмер, Џошуа Џонс, чиј живот е исполнет со мистерии (почнувајќи од чудната сообраќајка во која умрел татко му) , но и со добри пријатели од најразлични кругови, од професионални филмомани преку информатичари до ликовни уметници. Се почнува кога негов колега умира и Џошуа во кодот забележува чудни коментари и одлучува да открие кој стои зад тоа…

Новелата е одлична, во неа се спомнуваат многу компјутерски програми, алатки во аматерското радио, термини.. и што ми се допадна тука е што кога и да се спомне некој термин за прв пат, во следната реченица едноставно го опишува, и продолжува со приказната. Судејќи по новелата авторот има добро познавање (или добро се консултирал) со програмери, со корисници на линукс софтвер, со радио инженери… но и покрај сите тие работи, сепак е лесно читлива и разбирлива за читателот. Како што вели еден рецезент: “Новелите на Кен се полни со технички детали кои гиковите ги сакаат, со прави да се јасни и за сите други технофоби”.

Кога се чита книгата, те влече во еден здив да ја прочиташ (барем во мојот случај, ја прочитав за два дена, но цели два дена ми отидоа :D), и може да се рече дека малку потсетува на новелите на Ден Браун, но сепак, секој има свој стил и искуство.

Многу важно е што авторот одлучил електронската верзија да ја дава бесплатно, но истотака може и да се купи во физичка форма. Ликот до дигиталната верзија е на Scribd (каде што и беше ‘featured’), и линкови за купување на Амазон и Лулу.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s