Pardus Linux 2009

pardusПрво да кажам збор-два за Pardus општо, па после ќе ја рецензирам новата верзија.

Pardus е линукс развиен во Турција (првата верзија е во 2005-та, а почнале да го развиваат во 2003-та),  од страна на нивниот совет за научно и технолошко истражување. Значи на него работи тим на луѓе, кои се платени за тоа од турксата влада, и овој линукс веќе е имплементиран во пола министерства во Турција, а планираат до 2012 да биде во сите.

Новата верзија (2009) беше објавена на 17 Јули, и според соопштението клучни пакети се:

KDE 4.2.4
Linux kernel 2.6.30.1
OpenOffice.Org 3.1.0.6
Mozilla Firefox 3.5.1
Gimp 2.6.6
K3b 1.66
Xorg 1.6.2
Python 2.6.2

Го инсталирав Pardus 2009 International CD-то, и да напоменам дека медиумот е install-only, нема live-cd засега. Инсталацијата е интуитивна и многу лесна, можеби полесна и од таа на Ubuntu-то. После инсталација, скоро се што треба е инсталирано, од драјвери, па кодеци за сите мултимедијални датотеки, до најразлични кориснички програми. После првиот рестарт, односно веднаш после инсталацијата, се логирав, и KWin работеше беспрекорно (беше автоматски овозможен). Потоа, ставив Wireless картичка, (имам вградена, но) да видам драјверите како одат, и веднаш ми ја препозна и одма направив конекција (на Ubuntu ми требаше ndiswrapper за тоа).

После инсталација, автоматски се стартува апликацијата Kaptan која во неколку чекори ве прашува да изберете некоја од предефинираните теми, менија, позадини, и слични информации од кориснички карактер. Сите поставки се имплементирани во “control center”-от на KDE-то. Тоа значи дека сите апликации кои се специфични само за Pardus и се развиени од нив имаат линк и се достапни од контрол центарот. Тука се: менаџерот на пакети PiSi, нивната имплементација на Network Manager, алатка за водење историја кој ден кој пакет бил инсталиран/деинсталиран/обновен, и така натаму.

myPardusDesktopОвој screenshot го направив веднаш после инсталацијата, само wallpaperot е мој, а икон/widget/qt темите беа преинсталирани.

Околу неговата архитектура, инсталациските пакети не се нити RPM, нити DEB, туку PISI. Тоа значи послаба достапност на нови програми кои имаат пакети само на нивните сајтови. Околу конфигурациските датотеки, Pardus личи на RedHat и Fedora, односно на исти локации како кај нив се позиционирани поставките. Корисниците на Ubuntu кои сакаат во текст едитор да ракуваат со сетингзите ќе треба да се прилагодат првин.

Добри страни: ова е прва дистрибуција на KDE што сум ја пробал кајшто се работи како што треба. Amarok-от е во најнова верзија и без проблеми се работи, GNOME апликациите имаат ист Look & Feel како KDE апликациите, не паѓа Plasma-та, не зема многу меморија KDE-то, се е беспрекорно.

Лоши страни: чудна алатка за менаџирање на конекции и интернет. Pardus имаат своја алатка, и се е на друго место, и недостасуваат опции (пример неможам MAC адреса да сменам (дури нити со nano), нема преглед на кои бежични мрежи се најдени – тоа се прави преку Create new connection -> wlan0 -> search – што не е интуитивно, итн.). Repozitory-то е сеуште мало, односно ги нема тие поретко користени програми/пакети, но секојдневно се зголемува. Кога ќе отворам фолдер со PDF-a некогаш се замрзнува прозорецот.

Како и да е, ова е одлична KDE дистрибуција, која нема да си оди во брзо време ;)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s