Moovida – едноставен медиа центар со многу опции

moovida_web_logoДоколку имате во план да си дадете слободен ден, и цел да го потрошите на гледање филмови и слушање музика, еден од начините е да го споите лаоптопот/десктопот со телевизор, да земете пиење и да викнете друштво :)

И тука доаѓа проблемот, плеери, кодеци, и најважно, малиот и заматен фонт на телевизискиот екран. Затоа, тука доаѓаат во игра ‘медиа центар’ апликациите, кои го трансформираат вашиот оперативен систем во еден интерактивен интерфејс, кој и го нарекуваат 10-foot user interface.

За таа реализација, има многу апликации, меѓу кои попознати се, XBMC Media Center, Windows Media Center, Boxee, MythTV, LinuxMCE а доколку користите линукс поактивно, сигурно сте слушнале и за апликацијата Elisa, за која ќе зборуваме во оваа статија.

Elisa, пропати голем број добри промени, и нејзините развивачи го ребрендираа продуктот во Moovida. Станува збор за медиа центар апликација која има чист интерфејс, лесно читлив, проширлив со многу плагини и најважно, ги поддржува скоро сите можни кодеци за кои сте слушнале (благодарение на GStreamer).

Screenshot-2

Тоа што беше проблем во Elisa, но се реши во Moovida, e навигацијата, која тука е многу едноставна и лесна, и само со стрелките на маусот (или на далечинскиот управувач) може сите акции да се изведат. Доколку ве мрзи, и маусот може да се користи (е тука бешичен маус е мнгоу добра работа :))

Screenshot-1

Може да се додадат поедини локации, пример од компјутерот и тие да се проверуваат за мултимедијални содржини т.ш. кога ќе ставиме нов филм веднаш да го најде. Истотака може и да се додаде локација на мрежа која се наоѓа.

Screenshot

Секако дека има и поддршка за титлови, и целосна поддршка за HD клипови (благодарение на целосната хардверска OpenGL поддшка).

И на крај да напоменам, дека има Linux и Windows download, додека OS X корисниците треба да почекаат малце, и дека листата на плагини (за grooveshark, YouTube, Ted, deviantArt, Flickr) е голема, но и расте се повеќе и повеќе.

Како заклучок, иако има апликации со многу повеќе опции, пример Boxee и XBMC, оваа ми е фаворит, бидејќи споредено со нив бара многу помалце системски ресурси, има поинтуитивен интерфејс, и секако, сите плагини кои ми требаат, ги има.

Доколку ве заинтересира програмата, и сакате feature list, еве го тука.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s