Synapse – IM клиент со голем потенцијал

synapseИако има многу IM клиенти, внесување на нови идеи и освежување на работната околина е секогаш добредојдено. На прв впечаток, тоа се и првите работи кои се забележуваат кај овој клиент.

Со тоа што нуди Jabber поддршка (со тоа значи и Gtalk поддршка) веднаш ми стана најкористен клиент на десктопот, но со оглед дека не нуди поддршка за другите протоколи, нема да си го најде местото кај многу корисници.

Сепак, ова е алфа верзија, и неговиот развивач најавува дека набргу ќе има поддршка и за другите протоколи, попат msn live, yahoo, и сл.

Што мене многу ми се свиѓа кај овој клиент:

synapse.im.1

Ми се свиѓа минимилистичкиот изглед, односно, контактите може да се претстават само со нивните икони, не зафаќа многу место на desktop-от, и анимирани се коцките кога се појавуваат и снемуваат. Сето ова е овозможено благодарејќи на Qt технологијата. Истотака, кога се водат дијалози со некого, тие се флуидни и беспрекорно добро графички направени.

Истотака многу ми се свиѓа опцијата за пренесување код, како што може на следниот прозорец да видите.

synapse.im.2

Но сепак, програмата е многу нова и сеуште е во развој. Затоа, не поддржува видео повици, и пренос на податоци.

Би сакал што повеќе нови, и добро графички реализирани програми да гледам, тие особено фалат на Linux десктопите.

И да, програмава моментално е достапна само за Linux (Ubuntu, openSUSE, Foresight, и Arch), но за брзо време ќе дојдат и Windows и Mac OS X верзиите. Повеќе за програмата на овој линк.

2 thoughts on “Synapse – IM клиент со голем потенцијал

  1. Слчично на оваа со истите опции и е по усовршена со можност за видео повици и повразување со facebook и други сервиси е

    ►Trillian Astra

    http://www.trillianastra.com/

    Јас ја користам и сум задоволен…

    Инаку добро блогче и јас сега преф ден два се регистрирав на wordpress .

    И мојата насока е во ИТ…..

    Блогот постепено го развивам па ќе видиме што како ќе испадне.

    1. Да, супер е Astra-та, но како што знам, се плаќа тој клиент :)

      Честито нов блог, па да гледаме и од тебе добри статии :)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s