Google Chrome и Chromium

Иако сум малце скептичен, затоа што не сакам да дозволам целото мое интернет искуство и податоци да ги дадам на една институција (поточно гигант, каков што е Гугл), си реков да видам што е целава фама.

Според Ом Малик, Гугл Хром треба да биде чекор напред кон тоа работите да дојдат уште повеќе кон облаците (значи, на Cloud Computing начинот). http://gigaom.com/2008/09/02/google-browser-puts-the-cloud-to-work/ <= статијата на Ом Малик.

Во овој момент, има алфа верзија за Windows, за неа, имате офлајн инсталер тука ;) => http://rapidshare.com/files/142129854/chrome_installer.exe и е 7 мегабајти. А за сите останати платформи има OpenSource верзија, наречена Chromium. Моментално нема пакети ниту за комерцијалните линукс дистрибуции, но момците од Гугл имаат поставено инструкции за инсталацијата на следиот линк => http://dev.chromium.org/developers/how-tos/build-instructions-linux

После обидување по 10 пати, и добивање грешки од типот:

svn: REPORT request failed on ‘/svn/!svn/vcc/default’
svn: REPORT of ‘/svn/!svn/vcc/default’: Could not read status line: Connection reset by peer (http://src.chromium.org)
Error: failed to run command: svn update

Си реков да го симнам http://build.chromium.org/buildbot/archives/chromium.tgz може да направам значи бајпас на чекор 4 од процесот. Ама кога видов 400 мега реков батали.

Следна опција е да земам Windows Installer и во wine да го инсталирам. Не е OpenSource, но морам да го пробам бровсеров. (Инаку, Chromium e OpenSource верзијата, врз која се гради послем Chrome.) Кликнувам двапати на *.exe-то, но ништо не се случува. Па пробав преку Terminal, но и ништо од wine:

wine ChromeSetup.exe
fixme:advapi:CheckTokenMembership ((nil) 0x12b3f0 0x33f930) stub!
fixme:process:SetProcessShutdownParameters (00000280, 00000001): partial stub.
fixme:ole:CoInitializeSecurity ((nil),-1,(nil),(nil),6,2,(nil),64,(nil)) – stub!
fixme:winhttp:WinHttpOpen ((null), 1, (null), (null), 0x0): stub

Може утре ќе имам повеќе среќа со туторијалот за инсталирање во Линукс, не се знае.

За оние што сакаат да знаат како излгеда а не им се инсталира или пак не се во можност еве еден пост од ZDNet => http://blogs.zdnet.com/hardware/?p=2503 Изгледа како Опера самошто наводно е побрз. Дури има и Speed Dial, исто како Опера. Целиот бровсер има своја декорација и прозорец, и главната дистинкција (барем визуелна) е што табовите се горе, над адресата.

За оние што се на Windows имаат привилегија одма да го симнат и инсталираат од тука => http://www.google.com/chrome/eula.html и е 450 килобајти, па послем го симнува вистинскиот сетап кој е 7 мега од нет (LimeWire style).

Па со среќа нека им е на Гугл, како и да е важно ќе ги мотивираат другите компании поактивно да работат на нивните бровсери. Според мене има две сценарија за Гугл Хром. Или да им тргне многу, и Гугл да престане да ги финансира Мозила, или па да не им тргне, па Гугл да ги купи Мозила и кодовите од Фарјфокс и Хром да се спојат во нешто ново. Се е прашање на време, а времето значи промена. Пред 10 скоро никој не знаеше за Cloud Computing, а сега е хајп на годината.

3 thoughts on “Google Chrome и Chromium

  1. За приватноста: Во денешницата нема приватност и нема интима. (Love Guru calls it Intimacy = Into-Me-I-See(TM) ) :) Доколку има треба да бидеш изолиран од се живо па дури и од самиот себеси. А тоа што Гугл е гигант во својот бизнис не кажува ништо посебно за тоа што може да се случи со твојте податоци, доколку и најлошите сценарија, како оние опишани во приказните и книгите на Кори Доктороу нема да бидат дотолку реални. Бидејќи како што Гугл е гигант, држи гигантски информации за својте корисници, а што повеќе информации имаш толку е потешко да ги пронајдеш оние потребните (сеното и иглата). А ако владата ги користи тие против својте граѓани, кои всушност ја поставиле таму можат дотолку полесно да ја тргнат. Power to the people!

    За Хром: Мене искрено не ми делува на Опера, иако има омнибар или како го викаат и спид дајл. Ми се допаѓа новиот пристап и гледање на вебот. Освежен посовремен начин. :) + горните табови се нешто што на некој одамна требаше да му текне!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s