Folder View во KDE 4

Иако имаше доста негативни критики за новото издание на KDE, во последно време преовладуваат позитивните и тие ме охрабрија да ја пробам оваа работна околина (некои од нив дури велеа дека KDE4 околината е подобра и од Vista па дури и од OS X). За тие што не знаат што е KDE и што може да очекуваат еве го официјалниот линк од развивачите: http://www.kde.org/announcements/4.1/

Со доаѓањето на KDE 4 многу работи се променија и многу новини се воведоа, но јас тука ке се задржам на една доста продуктивна работа, наречена Folder View која сега на кратко првин ќе ја објаснам.

Слика 1: Folder View демонстрација во openSUSE

Знаеме дека концептот на секоја работна површина кој е општоприфатен е да имате панел со старт мени, со листа на апликации кои работат, со саат, и да имате фолдери и линкови од апликации врз работната површина. Е сега, замислете си го тој фолдер Дескоп, со сите тие икони и линкови да е едно поле (коцка) на работната површина, во форма на аплет/виџет, и да можете да додавате уште колку фолдери сакате и тие да ви седат на десктопот.

Секој фолдер прикажан на десктопот не е само графика со линкови до фолдерите и апликациите. Ако избришете фолдер во виџетот, тој се брише и од фајл системот. Значи промените се реални, и сите основни фајл операции се поддржани. Можете да менувате имиња на фајлови, да копирате, бришете, да копирате од еден Folder View во друг Folder View со drag-and-drop (тоа многу ми се допаѓа), и така натака.

Додавањето на нови виџети e многу лесно, и перформансите на виџетите се вчудоневидувачки одлични, што е резултат на новата Plasma технологија вградена во KDE4. Впрочем, целиот десктоп е составен од виџети, се е виџет во десктопот на KDE4, мениата панелите, саатот, листата на апликации…

Доколку не ви се свиѓа овој концепт на фолдери, можете да земете еден фолдер и тој на цел екран да го наместите. Мене многу ми се допаѓа пред се поради продуктивноста. Можете да направите повеќе фолдери, и на десктоп да ви седат. Еден со работи во тек, друг со финиширани, и трет со помошни материјали, и сите да ви бидат веднаш при рака.

Дали ова ке стане општоприфатен концепт, оставаме времето да каже. Луѓето се плашат од промени, такада и да стане, многу време ќе треба да помине до тоа.

4 thoughts on “Folder View во KDE 4

  1. @ufo фала за кометарот, ги знам поимите (секој студент на Пмф (или Феит или слично) кој правел семинарка е запознаен :D :D ) но навика си е навика.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s